Рецепт на денот
Солен колач со шунка и јогурт
Потребни состојки:
- 150 гр. шунка
- малку прашак за пециво
- 100 мл. масло
- малку мајчина душица
- 60 гр. кисели краставички
- 150 гр. кашкавал
- 300 гр. брашно
- 400 мл. јогурт
- 4 јајца
- малку сол
Исецкајте ја шунката и краставичките на мали коцкички. Кашкавалот ситно изрендајте го.
Измешајте ги јогуртот и јајцата, додадете го брашното, солта, прашокот за печиво, сето тоа измешајте го за тестото да биде изедначено, без грутки.
Потоа додадете го маслото, па шунката, краставичките и кашкавалот, па на крајот мајчината душица.
Смесата соединете ја, префрлете ја во плех или калап обложен со хартија за печење. Печете на температура од 180 -190 степени, 30-40 минути.

Кекс од овесни снегулки
Потребни состојки:
- 160 гр. шеќер кафеав
- 50 гр. чоколадо
- 120 гр. овесни снегулки
- 80 мл. масло
- 50 гр. лешник
- 240 гр. интегрално брашно
- малку екстракт од ванила
- 1 јајце
- 1 сода бикарбона
Во помала чинија помешајте го интегралното брашно, овесните снегулки, крупно мелените лешници и сода бикарбоната.
Во поголема чинија помешајте ги јајцата, шеќерот, маслото, екстрактот од ванила па во тоа додадете ја претходната смеса. Потоа, сето тоа добро измешајте го. Рерната загрејте ја на 180 степени. На плех обложен со хартија за печење, редете по една лажичка од подгодвената смеса, со големо растојение меѓу нив, бидејќи при печењето доста ќе нараснат. Печете ги 15-ина минути.
Оставете ги во плехот 5 минути да се оладат, а потоа извадете го плехот и оставете го на решетката од рерната да се оладат, па послужете.
Добар апетит