Времето во Охрид
Cloudy Cloudy Partly Cloudy
-5C -2C 0C
Вто Сре Чет

My status

facebook_logo

356 охридски матуранти ќе играат “Квадрил”

Рекорден број матуранти утре напладне ќе танцуваат на музика од Штраус, обидувајќи се да постигнат Гинисов рекорд во истивремено синхронизирано играње на еден танц.  Професофката по физичко воспитување Соња Думбалова Делова  под чие водство матурантите ќе танцуваат е задоволна од одзивот.
- Од вкупно 362 матуратни за групното танцување се пријавија 356. Од оправдани причини некои од матурантите не учестваа , а оваа годиан одзивот на матруантни е најмасовен. Претходните два месеци матурантите напорно вежбаа, а денеска ја одржаа последната генерална проба - потенцира Делова.

kvadril
Матурската парада е истовремено играње на танцот Квадрил од Штраусовата опера Лилјакот и трае 8 минути.
Музиката сателитски ќе ја преземе Македоснкото радио Радио Скопје од словенечкото "СЛО ВАЛ 202".

Манифестацијата започна во 2001 година, а кај нас традиционално се одржува од 2007 година.
РАДИО ОХРИД