Времето во Охрид
Cloudy Snow Cloudy
-1C -1C 0C
Пон Вто Сре

My status

facebook_logo

Жерновски:Да запре сечењето дрва на Плаошник

За сите политичари 5 Јуни е само ден на парламентарни избори, но тогаш се одбележува и Светскиот ден за заштита на животната средина кон која неправедно се однесуваме – изјави носителот на листа во 5-та изборна единица од Либерално – демократската партија Андреј Жерновски.

Пресот беше локализиран токму на Плаошник, на местото каде безмилосно се сече борова шума. Според Жерновски и охриѓани и гостите не се баш импресионирани од сечењето на зеленилото кое тивко згаснува. Забрзаната урбанизација предизвикува запрепастувачка глетка на тој дел од градот кој го губи автентичнот лик.

Акциите од типот "Засади ја својата иднина" всушност на Плаошник гласат "Засади ги своите интереси",  па тој порачува да се запре дивеењето низ комплексот. Доколку ЛДП ја освои власта на 5 јуни, Жерновски вети дека ќе побараат  почитување на Законот за води и белото езеро да добие свој концесионер.