Времето во Охрид
Cloudy Snow Cloudy
-1C -1C 0C
Пон Вто Сре

My status

facebook_logo

Тодоров:Уништувањето на компјутерите носи дополнителни финансиски трошоци

Нашиот менталитет да се уништуваат општонародните добра успешно ги пренесуваме и на нашите поколенија. Проектот компјутер за секое дете, ефективно се одразува во образованиот процес, меѓутоа компјутерите освен што не се искористуваат за вистинската намена често се уништуваат.

Министерот за образование Никола Тодоров смета дека компјутерите го олеснуваат образовниот процес, но никогаш не се надевал дека опремата ќе биде 100 процентно искористена. Најголем проблем предизвикуваат ученици кои несовесно се однесуваат кон компјутерите, ги кршат и ги оштетуваат.

Тодоров предупредува дека уништувањето на опремата носи дополнителни финансиски трошоци при замената на оштетените делови. Неопходно е вели тој да се зголеми степенот на внимателност при ракувањето со опремата која е од голема корист на образовниот процес.
Освен тоа компјутерите се водат како долгорочни средства кои треба да ги користат и идните генерации.