Сараиште да им се врати на славните охриѓани. Месното население во строгиот центар на Охрид поднесе иницијатива просторот познат како Сараиште да им припадне на великаните, кои тука некогаш живееле и твореле.

Местото ги опфаќа дворовите од куќите на херојот Христо Узунов, најмладиот војвода Славејко Савин, поетот Коста Абраш, врвните спортисти Климе Савин, Атина и Дики Бојаџи и првиот охридски трубадур Климе Садило основоположникот на инструменталната градска традиција.
Наместо бекатон, урбана опрема и паркирани кајчиња идејата е да се постават споменици и бисти на великаните.
- Овде треба да раскажиме една друга приказна. Дека во почетокот на 20 век тука живееле луѓе кои се бореле за Македонија, кои се жртвувале за слободата. Понатака луѓе кои ја негувале етномузиката и спортистите кои го пренесле гласот и името на Охрид, вели Ристе Савин жител на Сараиште.
Најубавото место на охридското крајбрежје во лето наликува на панаѓур и собиралиште на скитници. Мештаните бараат да се врати духот на Сараиште. Да се постават мрежите, риболовниот алат и старите охридски чунови кои на гостите ќе им раскажат една поинаква приказна.
- Да се вратат спростурите од порано, да се облагороди дел од паркот, спомениците Да се направат и други содржини кои би биле како логистика на Охридско лето на Балканскиот фестивал. Значи една мала амфитеатрална сцена на која што ќе може да се извдеуваат поетски вечери и дел од претставите на Охридско лето, вели Сашо Точко жител на Сараиште.
Пред две години мештаните успешно се изборија против концесионирање на овој простор но, апетитите на поедници за урбанизација со импровизирани угостителски објекти и натаму не стивнуваат.
Сараиште засега е единствената слободна градска плажа каде со благодетите на Охридското езеро се наситуваат и охриѓани и туристите.