Времето во Охрид
Cloudy Snow Cloudy
-1C -1C 0C
Пон Вто Сре

My status

facebook_logo

Во рамките на општина Охрид функционира Советот за заштита на потрошувачи

Советот на општина Охрид во рамките на своето работење како помошно тело минатата година го формира Советот  за заштита на потрошувачите. Овој орган се грижи за штитење на  здравјето, безбедноста, и за економските интереси на граѓаните.
''Донесена е и програма за работа, со која се опфатени пред се промотивните активности на советот согласно 8-те потрошувачки права на Обединетите Нации и неколку планирани активности'', рече претседателот Вангел Спироски.

Една од активностите е исто така и едукација на членовите на Советот за заштита на потрошувачите за потрошувачките политики. Ова тело е составено од седум членови од редовите на Советот на општина Охрид, претставници на јавните претпријатија, на граѓански здруженија и на министерството за економија.