Охрид и ЈП Билјанини Извори ќе бидат домаќини на финалето на фудбалскиот младински куп помеѓу Ренова и Пелистер. Финалниот натпревар ќе се одигра во петок на 20 мај на градскиот стадион Билјанини Извори со почеток во 16.30 минути.
ЈП Билјанини Извори ги поканува сите љубители на фудбалот да бидат дел од големото финале.













