Времето во Охрид
Cloudy Cloudy Partly Cloudy
-5C -2C 0C
Вто Сре Чет

My status

facebook_logo

Награда за Кемал Монтено на годинешниот Охрид фест

Легендарниот пејач од Босна и Херцеговина, Кемал Монтено, ќе добие награда на годинешниов 18 -ти по ред Интернационален музички фестивал "Охрид фест - Охридски трубадури 2011". Популарниот Кемо ќе биде награден за посебен придонес во развојот на музиката на Балканот и ревијално ќе настапи во Интернационалната вечер.
kemal_monteno
Годинава фестивалот кој го одбележува своето полнолетство ќе ни понуди пет фестивалски вечери. На 23 август ќе се одржи детскиот фестивал ЧУНГА ЛУНГА, 24 август ќе помине во знакот на Вечерта на нови звезди, на 25 август ќе биде Фолк вечерта, 26 август е терминот за Поп вечерта, а на 27 август се спушта фестивалската завеса со Интернационалната вечер.
Фестивалот ќе биде директно пренесуван на Македонската телевизија и на десетина други балкански телевизии.