И оваа година охридските средношколци ќе полагаат експериментално екстерно оценување. На крајот од мај средношколците ќе полагаат испити по неколку предмети, а матурантите ќе бидат изземени од ваквите тортури, бидејќи допрва ги чека полагањето на државната матура – изјави министерот за образование и наука Никола Тодоров.Тој очекува дека како и минатата така и оваа година експерименталното екстерно тестирање ќе има успешен исход. Повторувањето на овој вид тестирање е во насока на утврдување на функционалноста на ваквиот образовен систем.
Тодоров рече дека сеуште не се откриваат предметите по кои ќе полагаат средношколците и потенцира дека резултатот нема да влијае врз крајната оценка на учениците.













