Најнови вести
Ќе се одржи јубилејниот Атлетски маратон
Запленети 8 кг марихуана во Охрид
Македонија и Европа се соочуваат со енергетска зависност
Подигнување на старосната граница за курсеви за подофицери
Достојно одбележана годишнината од бродската несреќа
Продолжение на 21-та седница на Советот
Баукот Биро Веритас конечно разрешен
Исчезнуваат лебедите од Охридското езеро
Берза
| ВМРО - НАРОДНА - ''Преземените мерки за езерото нe одговараат ни оддалеку на вистинските потреби'' |
| Вторник, 09 Март 2010 13:50 |
ВМРО - НП алармира до надлежните во државата за тешката состојба во која се наоѓаат општините Охрид и Струга и дека мерките кои се досега превземени ни оддалеку на одговараат на вистинските потреби.Состојбата со високото ниво на Охридското езеро, ја подгреа совеста и кај ВМРО - НП, од каде денеска укажаа на можните последици во наредниот период. Бидејќи следи пролетниот период кога и се очекува покачување на температурите, нормално ќе следи и дополнително покачување на нивото на езерото. Тоа се темели на фактите дека снеговите од околните планини ќе започнат да се топат, а дополнителен проблем се и постојаните врнежи од дожд и снег. Сепак ваквата критична состојба со нивото на езерото не може да и се припише само на природата, туку во најголема мерка и на лошото менаџирање со езерото како хидроакумулација, вели советникот Владо Цветковски. „Досегашните искуства ни кажуваат дека ваквата состојба не се должи само на обилните врнежи од дожд и снег, туку и заради несоодветното управување со водостојот на Охридското езеро, како хидроакумулација, од страна на ЕЛЕМ. Со цел да се акумулира што повеќе вода во езерото како хидроенергетски потенцијал, но и поради поплавите во соседна Албанија, ЕЛЕМ неоправдано го држеше високо нивото на Охридското езеро во од месец септември до месец јануари. Сега дотокот на водите во езерото е поголем од истекот преку реката Црн Дрим'' - рече тој.
Не е во ред граѓаните редовно да си ги подмируваат обврските кон ЕВН, а со тоа и кон ЕЛЕМ, а овие за возврат недомаќински да стопанисуваат со нивните пари, велат од Народна. Должност на ЕЛЕМ и на Владата на РМ е превентивно да ги чистат и одржуваат речните корита на Црн Дрим и Сатеска, но и на другите реки во ова сливно подрачје. Од ВМРО НП посочуваат на одредени мерки кои овие два сегменти треба да ги превземат за санирање на состојбата со езерото.
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Ако во септември се исчистеше коритото на Црн Дрим, на потегот од браната до централата Глобочица, тогаш преку браната ќе можеа да се испуштат и поголеми количини на вода.ЕЛЕМ и Владата најитно треба да го уредат старото речно корито на река Сатеска. Дрвениот мост на Црни Дрим и регулациониот затворач треба во најкраток можен рок да се реконструираат".
Заради сето ова ВМРО - НП преку својата советничка група на наредната седница на советот на Општина Охрид ќе иницира дополнување на дневниот ред со нова точка: „Разгледување на новонастанатата состојба во општината со зголемено ниво на Охридското езеро", се со цел да се донесат предлог мерки и заклучоци со кои ќе се ублажи состојбата.
А.З
|




















ВМРО - НП алармира до надлежните во државата за тешката состојба во која се наоѓаат општините Охрид и Струга и дека мерките кои се досега превземени ни оддалеку на одговараат на вистинските потреби.