Во вашиот живот преку вашите професии правете го она што е најдобро и најубаво. Преку вашите иновации и креации да го подобрите животот на овој простор и да ја претставувате Македонија во светот.

Вака претседателот на државава Ѓорге Иванов денеска ги поздрави првенците дипломци од техничките факултети, доделувајќи им ги признанијата “Инженерски прстен” на Плаошник во Охрид.
- Ова е момент на чест но и на гордост. Гордост за вашите родители за вашите професори. Чест за нас што имаме такви луѓе што кои со своето знаење ќе придонесат за менување на Македонија. Да се спроведуваат европските стандарди критериуми европски принципи, истакна претседателот Горѓе Иванов.
Годинава со ова престижно признание се закитија 9 дипломци, од нив седум припаднички на понежниот пол и двајца машки. За сите нив ова е поттик да продолжат со научно истражувачката дејност.
- Ми претставува чест и задоволство да бидам дел од оваа група елитни инжинери. Ова претставува поттик да продолжиме да се усовршуваме и во иднина, вели Бојан Митровски. добитник на признание.
- Среќна сум она четиригодишно студирање се круниса на крајот. Убаво чуство инженерскиот прстен е најубавото нешто што ми се случило досега , вели Елена Камчева добитник на признание.
Инженерската институција на Македонија традиционално по осми пат го организира овој настан пред Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.