Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Насилство„ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против: Ц.М.(33) Н.М.(25) М.Т.(25) и З.Т. (28), сите од Охрид. Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид, на сите пријавени им одреди мерка Притвор во траење до 30 дена. На првите тројца, мерката им е изречена во нивно отсуство, бидејки се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.
На 12-ти овој месец, околу 14 часот и 30 минути, во пицеријата „Лас Америкас„ на кејот „Маршал Тито„, пријавените извршиле физички напад врз А.В. (30) од Охрид нанесувајки му тешки телесни повреди,скршеници на рацете и повеке повреди во пределот на главата. Откако тие го забележале А.В. на терасата од пицеријата, со кого од порано имале конфликти и меѓусебна нетрпеливост, започнала меѓусебна вербална расправија, по што пријавените се упатиле спрема него со намера да го нападнат. Забележувајки го тоа, А.В. избегал и се сокрил во внатрешноста на пицеријата и ја заклучил вратата. Пријавените, со палки и шипки го скршиле стаклото од влезната врата, насилно ја отвориле и веднаш го нападнале А.В. нанесувајки му удари по целото тело.
Натамошниот тек на нарушувањето го спречил С.П. од Охрид кој од лице место во болница го пренесол З.Т. кој имал видлива повреда во пределот на грбот. Нападнатиот А.В. е пренесен во општата болница во Охрид а потоа во болницата „Св.Еразмо„ додека Ц.М. Н.М. и М.Т. избегале од местото на настанот.
Во рамките на активностите за нивно пронаоѓање, СВР Охрид изврши претрес во нивните домови. Во тек се други дополнителни мерки што СВР Охрид ги презема за нивно пронаоѓање и приведување.













