Најнови вести
Судот прифати нови сведоци за убиството на Новаковиќ
Зголемен интересот за огревно дрво во Охрид
Андон Дуков, Градиште и Љубаништа заработија пријави
Ќе се одржи јубилејниот Атлетски маратон
Запленети 8 кг марихуана во Охрид
Македонија и Европа се соочуваат со енергетска зависност
Подигнување на старосната граница за курсеви за подофицери
Слушајте во: 10:00, 11:55, 14:30 и 16:30 ч.
Берза
| 200 години од раѓањето на Димитрија Миладинов |
| Вторник, 09 Март 2010 12:50 |
Медитеранската академија "Браќа Миладиновци" од Струга и Национална Установа "Григор Прличев" од Охрид денеска организираа литературана средба по повод 200 годишнината од раѓањето на Димитрија Миладинов. На средбата, песната "Т'га за југ" ја рецитираше потомокот на браќата Миладиновци од петтата генерација по машка страна, Ристе Миладинов, кој го носи името на таткото на браќата Миладинови. Магистер Разме Кумбароски во својот говор рече дека Димитрија Миладинов е стожер на македонската поезија на 19-тиот век, заедно со Григор Приличев и Партение Зографски. Тој рече дека Миладинов има иста вредност и значење за Македонија, како Гогољ за Русија и Виктор Иго за Франција. |




















Медитеранската академија "Браќа Миладиновци" од Струга и Национална Установа "Григор Прличев" од Охрид денеска организираа литературана средба по повод 200 годишнината од раѓањето на Димитрија Миладинов. На средбата, песната "Т'га за југ" ја рецитираше потомокот на браќата Миладиновци од петтата генерација по машка страна, Ристе Миладинов, кој го носи името на таткото на браќата Миладинови. Магистер Разме Кумбароски во својот говор рече дека Димитрија Миладинов е стожер на македонската поезија на 19-тиот век, заедно со Григор Приличев и Партение Зографски. Тој рече дека Миладинов има иста вредност и значење за Македонија, како Гогољ за Русија и Виктор Иго за Франција.