Времето во Охрид
Cloudy Snow Cloudy
-3C -1C 0C
Пон Вто Сре

My status

facebook_logo

Метаморфозите на охридскиот театар на 3 јуни премиерно пред охриѓани

Институциите и зградите не го прават театарот театар, театарот го прават лица кои со својот дух и харизма успеаваат да ја направат малата сцена огромна арена со своите генијални изведби. И градот Охрид конечно го врати во функција својот театар и ќе започне да работи со редовен репертоар – потенцитра директорката на Центарот за култура Григор Прличев Драгана Боцевска.

Првиот човек на охридскиот театар Горан Стојаноски изјави дека враќањето во  градскиот театар е огромен плус за градот и за граѓаните кои живеат во него.
Teatar-web
Оживувањето на малата сцена ќе биде мошне ведро и весело. Претставите кои ќе ги разигруваат штиците што живот значат ќе бидат забавни и интересни, а истовремено и поучни.
Охридскиот театар подготвува три проекти кои наскоро ќе бидат дел од  редовниот репертоар. Како што најави Стојаноски, ќе гледаме претстави  пред се од забавен карактер, комедии. Веќе за трети јуни е закажана премиерата на претставата "Метаморфози"  на режисерот Андреј Цветановски.
Охридскиот театар со сработеното ќе имаме можност да го гледаме и на годинешното 51 -во издание на фестивалот Охридско лето.
Благодарение на свежата крв од актери која се влеа во театарот, слободно може да се крене завесата, па охриѓани и гостите да уживаат во прекрасната глума на нашите професионални актери.