Warning: array_slice() expects parameter 1 to be array, null given in /home/content/n/m/i/nmileski/html/radioohrid/modules/mod_rokweather/tmpl/default.php on line 55
Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/content/n/m/i/nmileski/html/radioohrid/modules/mod_rokweather/tmpl/default.php on line 58
| Завод и музеј работи со полна пареа |
Во годишната програма на Министерството за култура за остварување на националниот интерес во културата во 2010 година застапен е и охридскиот Завод и Музеј. Директорката Тања Паскали Бунташеска најави повеќе активности кои ќе бидат реализирано со финансиски средства од оваа програма, меѓу кои и Конзервација и реставрација на ракописот од апостол од XIII век, конзервација и реставрација на ракописот "Посен и цветен триод", заштита на текстилни етнолошки предмети , презентација на кошулите и покривалата за глава од етнолошката збирка на Националната Установа Завод и музеј - Охрид, конзервација на дрвени етнолошки предмети ( од покуќнина, земјоделство и др.), презентација на ќилими од етнолошката збирка на Национална Установа Завод и музеј- Охрид , откупени во 2009 година, презентација на црквата "Св. 40 Маченици" во хрид, истражување на фрескоживописот од XV - XIX век во Дебарца и селските слави во одредени села, како и конзервација на оружје ( пушки и кубури ) од XVIII, XIX и почетокот на XX век и истражувачки активности на Охридското Езеро, кај локалитетот "Сараиште" и подводното депо на оружје. Министерството за култура, согласно со член 10 од законот за култура донесува Годинешна програма за остварување на националниот интерес во културата. Со годишната прогрсмс се утврдуваат програмите и проектите што се од национален интерес во културата во рамките на средствата определени од Буџетот на Република Македонија за тековната година, при што се има во предвид целосното и континуирано остварување на дејноста на националните установи, како и рамноправна положба на сите субјекти, независно од правниот статус, етничката или друга припадност под еднакви услови утврдени согласно со закон. Распределбата на средствата обезбедени од Буџетот се врши според постапка утврдена во Законот за култура и подзаконските акти. Согласно со законот за култура, Правилникот за критериумите за финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности на културата и правилникот за елементите што треба да бидат содржани во програмите и проектите од национален интерес во културата, стручни и компетентни комисии направија избор од програмите и проектите доставени на конкурсот во 2009 година. Врз основа на наведеното, утврдена е Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2010 година. |














Во годишната програма на Министерството за култура за остварување на националниот интерес во културата во 2010 година застапен е и охридскиот Завод и Музеј. Директорката Тања Паскали Бунташеска најави повеќе активности кои ќе бидат реализирано со финансиски средства од оваа програма, меѓу кои и Конзервација и реставрација на ракописот од апостол од XIII век, конзервација и реставрација на ракописот "Посен и цветен триод", заштита на текстилни етнолошки предмети , презентација на кошулите и покривалата за глава од етнолошката збирка на Националната Установа Завод и музеј - Охрид, конзервација на дрвени етнолошки предмети ( од покуќнина, земјоделство и др.), презентација на ќилими од етнолошката збирка на Национална Установа Завод и музеј- Охрид , откупени во 2009 година, презентација на црквата "Св. 40 Маченици" во хрид, истражување на фрескоживописот од XV - XIX век во Дебарца и селските слави во одредени села, како и конзервација на оружје ( пушки и кубури ) од XVIII, XIX и почетокот на XX век и истражувачки активности на Охридското Езеро, кај локалитетот "Сараиште" и подводното депо на оружје.