Од Заводот за вработување во Охрид информираат дека од утре започнува аплицирањето за вклучување на невработени лица во активни мерки. Охриѓани ќе може да аплицираат за следниве програми:
1. Програма за самовработување ( од идела до бизнис );
2. Формализирање на веќе постоечки бизниси;
3. Поддршка на дополнителни вработувања во фирми регистрирани со програмата за самовработување и формализирање на постоечки бизниси во 2007, 2008 и 2009 година.
Пријавувањето ќе трае 15 дена.













