Во услови на голема и тешка економска криза, на која бавно и се гледа крајот, на интернет порталите и во медиумите постојано се објавуваат огласи за работа, кои најчесто се нереални и необјективни. Охриѓани воопшто не им веруваат на овој вид огласувања, бидејќи сметаат дека некој е претходно вработен на функцијата која се бара и дека тие се објавени само за официјализирање на нивните работни места, без отворен простор и можности за нови вработувања.

"Се бараат девојки за работа во цвеќара", "Се бара персонал за работа во кафетерија", се само дел од огласите со кои оние кои што бараат работа, а ги има многу, се среќаваат секојдневно.
Според податоците на Заводот за вработување, во Охрид заклучно со месец февруари годинава, евидентирани се 10.476 невработени лица, а најверојано уште поголеме бројот на оние кои не се пријавуваат. Сите тие се во постојана борба со секојдневието, за обезбедување на минималните егзистенцијални услови, што секој ден со новиот бран поскапувања станува се потешко, дури и за лицата кои се во постојан работен однос.