Времето во Охрид
Cloudy Snow Cloudy
-1C -1C 0C
Пон Вто Сре

My status

facebook_logo

Сериозно загрозено функционирањето на Н.П ''Галичица''

Ќе штрајкуваат вработените во Н.П ‘’Галичица’’. Три месеци без плата и  без здравствено- пензиско осигурување се причина за најавените протести од страна на дваесетината вработени во јавната установа.  До потполно стопирање на работата на  НП, дојде откако на двајцата  членови на Управниот одбор им истече мандатот.
tabla_ris
Се додека владата не назначи нови членови,  не може да биде изгласан буџетот за 2011 година, ниту годишната програмата  за заштита на флората и фауната.
‘’Ова се сериозни проблеми иако во касата на НП има пари неможе да се исплати платата ниту здравствено и пензиско осигурување. Така што тие ги немаат сините картончиња’’, вели Ванчо Костоски член на Управен одбор.
Доколку за 15 денови  не  бидат избрани новите членови на УО,  нема да биде распишан тендерот за сечење на шумата што ќе повлече  многу сериозни проблеми. Националниот парк  може да остане без основните приходи за 2012 година, предупредуваат  вработените.
‘’Проблемот не е во претпријатие што е загубар или не може да оствари. Ова е претпријатие кое остварува  добивка и тоа добра сума. Меѓутоа, поради политички пресметување меѓу ВМРО и ДУИ не функционира’’, вели Костоски.
Во националната установа бројани се и деновите до исклучување на струјата и телефонот, а се користат и последните резерви на гориво за опслужување на паркот.