Во хотелот "Белведере" во Охрид денес започна вториот циклус за обуки на директори, педагози, наставници и воспитувачи од градинките, основните и средните училишта, преку програмата за интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.

"Програмата од јануари 2010 година се спроведува преку канцеларијата на Миистерството за образование и наука и е задолжителна за сите градинки, основни и средни училишта", рече Зорица Велковска, програмски координатор на програмата во Министерството за образование и наука.
Од денес па натаму, низ обуките ќе поминат претставници на 35 градинки, 120 основни и 30 средни училишта. Сите овие институции ќе треба да ја вметнат оваа програма во нивните годишни програми за работа и со тоа да ги спроведат сите предвидени активности за постигнување одржлив развој, подобрување на животната средина и подигнување на еколошката свест.