Времето во Охрид
Cloudy Snow Cloudy
-1C -1C 0C
Пон Вто Сре

My status

facebook_logo

Охриѓани задоволни од работата на кабелските оператори

Речиси секој жител на Охрид денес во својот дом има кабелска телевизија, како една од најголемите придобивки на новиот милениум. Граѓаните се задоволни од услугите кои ги нудат кабелските оператори во градот. На нивните телевизиски екрани најзастапени се домашните и странските информативни, документарни и музички канали.

Двата најголеми кабелски оператори во Охрид нудат широк спектар услуги во конкурентската игра за привлекување што повеќе корисници. На пример, Алтрасат нуди можност да се плати претплата од 1920 денари за шест месеци однапред, а потоа секој месец се плаќа по 320 денари, за вкупно 56 телевизиски канали. Овој оператор исто така нуди и интернет услуги. Приклучокот чини 2000 денари, а потоа секој нареден месец се наплаќа од 500 денари нагоре, во зависност од реализираниот сообраќај.
Altrasat
Што се однесува до Инфел, вториот кабелски оператор, претплата за кабелска телевизија изнесува исто така 320 денари и има 24 часовна непрекината интернет конекција, како и стабилна фиксна телефонија.
infell

Кабелска телевизија е систем за доставување  телевизиски сигнал до потрошувачите преку радио сигнали кои се пренесуваат до телевизорите преку фиксни оптички влакна или коаксијални кабли, за разлика од преносот на телевизискиот сигнал по воздушен пат кој се користи при традиционален начин на емитување (преку радио бранови) каде е потребна телевизиска антена. ФМ радио програмирање, брз Интернет, телефонија и слични не телевизиски сервиси исто така можат да се обезбедат.