Времето во Охрид
Cloudy Snow Cloudy
-1C -1C 0C
Пон Вто Сре

My status

facebook_logo

Охридската болница ја доби првата тура инсулин

Вкупно 1760 пациенти со дијабет примаат инсулинска терапија, а со делењето на инсулинот на централно ниво се заштедува слободниот инсулин кој пациентите имаат навика да го скалдираат во своите фрижидери.
Софтверското решение за распределувањето на инсулин преку електронски рецепти овозможи заштеда дури до 28 % од вкупните резерви на инсулин – за Радио Охрид изјави потпаролот на општата болница Сашо Василески.
Василевски вели дека секој 5 во месецот се прави требовање со потребната количина инсулин, кој во рок од три дена стигнува до градската аптека.

Според него оваа болест прераснува во вистинска пандемија и секој месец се евидентираат по нови 20 заболени, а уште попоразителни се фактите што старосната граница е спуштена под 30 – та година.
Вкупно 6 илајди дијабетичари од Охрид, од кои 1760 се на инсулинска терапија, биле препуштени еден лекар. Од неодамна пациентите ги опслужуваат два лекари наспроти 6 –те илјади заболени од дијабетис.