Времето во Охрид
Cloudy Snow Cloudy
-1C -1C 0C
Пон Вто Сре

My status

facebook_logo

25 ученици од О.У ''Братство Единство'' вчера го посетија СВР Охрид

Во рамките на проектот „Посета на институции„ организиран од Младинскиот совет Охрид, вчера, Секторот за внатрешни работи Охрид, го посетија 25 ученици од Основното училиште „Братство Единство„
svr_poseta
Целта на посетата беше запознавање на најмладите со организациската поставеност и функционирањето на Полицијата, запознавање со полициските овластувања и надлежности, улогата на Полицијата во современото општество, преземањата на Полицијата на превентивен план преку разни проекти и превентивни кампањи, но и непосреден разговор на учениците со Полициските службеници поврзан со секојдневното извршување на полициските задачи, проблемите во градот и сл.
Учениците од осмо одделение, имаа практична можност да го посетат Дежурниот оперативен центар на СВР Охрид, Оделението за криминалистичка техника, станицата за безбедност во патниот сообраќај како и езерската Полиција во состав на Граничната Полиција регионален центар Запад како и Територијалната против-пожарна единица.
Од страна на непосредните раководители им беа презентирани основните надлежности на секоја организациона единица и им беа демонстрирани материјално-техничките средства со кои располагаат.
Како транспарентна, и институција отворена за јавноста, посетата на учениците од Основното училиште „Братство„ на СВР Охрид, е во согласност со новиот концепт на полициска активност „Community policing-Работа со заедницата„ но и со трајната и стратегиска определба  за блискост на Полицијата со граѓаните.