maxi-d---logo
radiofb
57°
14°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
Охридска банка со намалени камати
Сабота, 06 Февруари 2010 13:04
sosiete-ohridskalogoОхридска банка ги намали каматите на кредитите и тоа до 3,7 отсто кај кредитите за население и до 5 отсто кај кредитите за правни лица, соопшти банката.
Јитка Пантучкова, претседател на Управен одбор на Охридска банка, дел од групацијата Сосиете Женерал вели дека третото последователно намалување на референтната каматна стапка на НБРМ на 7,5 отсто е охрабрувачки сигнал за стимулирање на кредитната активност.
- Охридска банка веќе интервенираше во иста насока и ги намали каматните стапки на кредитите за население и за правни лица. Кај кредитите за население, зависно од видот на кредитот, рокот на отплата и обезбедувањето, намалувањето на каматните стапки се движи до 3,73 отсто кај хипотекарните кредити, до 3,63 отсто кај станбените кредити, до 3,55 отсто кај автомобилските кредити и до 1 отсто кај потрошувачките и кај кредитите со 100 отсто депозит, вели Пантучкова.
- Отсега, поатрактивни стануваат и краткорочните и долгорочните кредити за компаниите. Новите каматни стапки се движат од 7 отсто за краткорочни и од 7.5 отсто за долгорочни кредити и се детерминирани од бонитетот на кредитокорисникот. Со новите измени разликата помеѓу старите и новите каматни стапки изнесува и до 5 отсто, вели Пантучкова.
Таа додава дека најновото намалување на референтната каматна стапка за 0.5отсто, заедно со ревидираните проекции за повисок кредитен раст на годишна основа на 9 отсто, внесуваат оптимизам во очекувањето за возобновување на кредитната активност во земјата.
sosiete-ohridskalogo

 

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.