Времето во Охрид
Cloudy Snow Cloudy
-1C -1C 0C
Пон Вто Сре

My status

facebook_logo

Експресна реакција на Општина Охрид: Општата болница да го бара виновникот за вчерашниот скандал во своите редови, а не во Локалната самоуправа.

Општина Охрид експресно реагираше на денешната прес конференција на Општата Болница Охрид во врска со вчерашниот скандалозен настан, кога во просториите на болничката администрација, на само неколку метри од канцеларијата на директорот, на огласна табла беа поставени слики на кои раководството на СДСМ маршира во нацистички униформи. Во демантот, меѓу другото се вели:
"Општата болница, на чија огласна табла вчера осамна фотомонтажа на која раководството на СДСМ маршира во нацистички униформи,наместо вината за овој скандал да ја бара кај себе , ја обвини локалната самоуправа. Со особена почит кон вработените кои ни криви ни должни некој ги става во политичките игри на ВМРО-ДПМНЕ, локалната самоуправа најенергично ја демантира оваа инсинуација и ја вредува во низата партиски задачи кои раководните лица на оваа јавна здраствена установа најверојатно ги добиваат од врвот на нивната партиска централа", стои во демантот на Локалната самоуправа.
Ohrid_flag