Два дена чествувања во сите охридски културни институции кои го носат името на познатиот поет и преродбеник од крајот на 19- от век Григор Прличев. Повод е одбележувањето на 119 години од неговата смрт.
Свеченостите посвтени на ликот и делото на Прличев започнаа вчера со промоција на книгата “Колку е убава мојата внука“ од Мирко Томовски по што следеше доделување на наградата Григор Прличев. Годинава таа припадна на Трајче Кацаров за поемата "Ако" која е и најубава за 2011 година. За делото Кацаров доби парична награда во висина од 1500 евра и резба.
Еве што за авторот значи ова големо признание.
- Кога ќе се соочите со едно вакво признание, се соочувате со она што значи ваша можест во поглед на она што значи ваш уменички израз. Да се носи наградата со името на Григор Прличев пред се е големо признание и нема човек кој што се бави со своето дело за кој што ова признание не претставува на еден начин и потврда на неговите вредности, потврда дека неговата поетска артикулација добила право на јавност - истакна Кацаров.
Прличевите беседи стари шест децении продолжија денес. Нивниот основач,познатиот културен деец Видое Видически полагајќи го цвеќето и ловоровиот венец пред бистата на преропдбеникот укажа на значењето и смислата на постоењето на Прличевото дело за нас.
- Прличевата фигура пред нас се искрена како најгоростасна, а Прличевото дело како најобемното и во уметничка смисла најкомплетнио. Вистина е дека нашата преродба немаше да се оствари со таков интензитет без учеството на Прличев. Нашата култура ќе беше посиромашна без достоинствата што ги создаваат епската поема Сердарот и Скендер бег - рече Видически.
Денеска во организација на Градската библиотека се реализираа и посета на гробот и куќата на Прличев, а се одржа и портрет на познатиот македонски писател Панде Манојлов. Годинешните беседи завршија со традиционалната Парличева визита. Вечерва со почеток во 19 часот во Центарот за Култура Григор Прличев и учениците од истоименото основно училиште ќе одржат пригодна свеченост посветена на патрониот празник .