|
Закажано Изборното собрание на Сојузот на борци |
|
Вторник, 20 Април 2010 08:15 |
Општинскиот одбор на Сојузот на борцие од Охрид, на денешната седница,ќе го утврди Дневниот ред за 15 Изборно собрание кое ќе се одржи во вторник на 27 април со почеток во 10 часот во големата сала на Општината Охрид.На денешната седница Општинскиот одбор ќе го утврди и бројот на членовите на Надзорниот, Извршниот одбор и делегатите на Собранието,а ќе предложи и нов претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Охрид.
|
|
Вторник, 20 Април 2010 08:11 |
|
Во реваншот на полуфиналето од Купот на Македонија екипата на Младинец потворно триумфираше над охридска Билјана со 50-37. Кај охриѓанките најдобрие беа, Балазоска која постина 21 поен, Миладиноска 14.Но, и тоа не беше доволно за поволен резултат.Еве како изгледа табелата: Вигор Скопје 28, Младинец 25, Билјана 21, Наркокон 20, Водњански лисици 16 и Куманово 7. |
|
Прес на О.К на ВМРО - ДПМНЕ- конкурс за 71 социјален стан |
|
Понеделник, 19 Април 2010 11:49 |
 Реализација на проект на Владата на Македонија, преку програмата „Преродба во 100 чекори". Од денеска започнува конкурс за доделување на 71 социјални станови, со големина од 30 до 45 метри квадратни, за социјално загрозени семејства во Охрид. Лицата кои што го немаат решено своето стамбено прашање, ќе се стекнат со истото преку добивање на станови кои ги изгради Владата на РМ. Деталите за тоа кои лица ќе имаат приоритет за добивање на стан, повеќе од Атанаско Михаилов, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ. „Ваков дом ќе можат да добијат лицата кои се самохрани родители со малолетни деца, деца без родители кои се полнолетни, а користеле услуги на детските домови, корисници на постојана парична помош без разлика од која категорија, лица погодени од елементарни непогоди и лица од ромската заедница кои се опфатени со проектот за „Стратегија за ромите во РМ". Станарината ќе изнесува само 28 денари по метар квадратен, што севкупно би чинело некаде од 800 до илјада денари. Сите лица кои ги исполнуваат условите, ќе можат да аплицираат во центарот за социјални работи". Исто така денеска беше најавено реализирање на уште една програма, исто така на Владата на РМ, а тоа е изградба на три патни правци во регионот на град Охрид. Ќе се реализираат инфраструктурните работи на делниците: Од Жито леб - Велгошти, Лескоец - Скребатно и Радојца Новичиќ - Горно и Долно Лакочереј и Орман. „Иако се ова проекти кои треба да ги реализира локалната самоуправа, сепак ќе ги оствари Владата. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, децидно истакна дека овие три патни правци се во интерес на граѓаните на Охрид и токму поради тоа се ставени во програмата на Владата за реализација". Првите два проекти ќе стартуваат најдоцна за еден месец, а третиот наредната година. Околу прашањето колку ќе чинат проектите, засега нема информација, само дека тоа се средства од буџетот на Влада на РМ.
З.А.
|
|
Понеделник, 19 Април 2010 10:58 |
 Претставата Петар Пан премиерно пред охридската публика. Детското драмско студио Мулти култи со полна пареа, подолго време работеше на подготовките на познатата детска бајка од соништата. Актери се 12 деца, кои со огромна љубов и радост работеа на претставата Петар Пан, тие не пропуштаа ниту една проба - рече на денешниот прес директорката на ЦК Григор Прличев Драгана Боцеска Во месец мај пред охриѓани ќе биде прикажана и популарната претстава Умри машки во режија на Коле Анѓеловски, подготвена од драмскиот театар Скопје. За оваа претстава веќе е направена соработка со охридската гимназија од каде што пројавија интерес за истата. Од Центарот за култура континуирано се прават напори за заживување на театарот и негова поголема популизација меѓу младите.
|
|
Македонија ќе развива вински туризам |
|
Понеделник, 19 Април 2010 10:01 |
 Македонија ќе го развива винскиот туризам. Преку промоции на добро познатото македонско вино од Тиквешијата ќе се привлекуваат гости од странство - ова е идејата на Невладината организација Мировен корпус Македонија. Дегустации на вкусното вино ќе се вршат во винарските визби во Тиквешкиот регион но виното ќе им се продава на гостите, кои истото ќе го понесат во својата земја заедно со убавите мигови поминати во Македонија. Макдонското вино изминативе десет години доживеа голем напредок, тоа го достигна европскиот квалитет, но единствено недостига агресивна кампања за негова промоција во светот. Винскиот туризам како алтернативен туризам во светот е во голем пораст, сите богати земји сериозно го развиваат. Овој проект во нашава земја започна и се спроведува од 2007 година, во иднина ќе се користат и европски пари за промоција на македонското вино.  |
|
Конечно сите чинители на туризмот на една маса |
|
Понеделник, 19 Април 2010 08:03 |
|
Вложување во инфраструктурата и обединување на на сите чинители на туризмот во Охрид е појдовна основа за развојот на туризмот - ова беше еден од многуте предлози на отворената трибина во организација на Општинскиот комитет на ВМРО Народна партија на тема туризам Според експертите на градот му недостига и туристички брендиран производ кој ќе биде симбол на Охрид. Охридската флота пренесува стотици туристи дневно но, никаде бродарството не е споменато како значајна гранка во развојот на туризмот - смета претседателот на Здружението на бродари Горан Устијаноски Бројните идеи и предлози кои ќе допринесат за подобрување на туристичкото стопанство во Охрид ќе бидат вметнати во програмите на ЛЕР и Агенцијата за развој на туризмот. Трибини со отворени дискусии на тема туризам треба да се организираат многу почесто - смета Претседателот на ОК ВМРО Народна Ванчо Костоски Конечно сите чинители на туризмот ги разложија проблемите на иста маса. Хотелиери, туристички работници, угостители, бродари, туристички агенции, водичи, претставници на ЛЕР и Агенцијата за поттикнување на развојот на туризмот вчера имаа плодна дискусија за правецот во кој треба да се насочи туристичкото стопанство. Заклучоците од трибината ќе бидат испратени и до Советот на општината и до Владата на Република Македонија.
|
|
„Срцето на хуманоста“, направи уште едно добро дело за Охрид |
|
Понеделник, 19 Април 2010 07:21 |
 „Срцето на хуманоста" - односно Ротари клубот од Охрид, во ЈЗУ „Општа болница - Охрид", го предаде во користење новотодетско одделение. Како и многупати досега со пожртвуваност на ротаријанците, понесени од несебичен хуманизам, тие направија уште едно добро дело за својот град. Охридските ротаријанци трпеливо и упорно ги спроведуваат своите идеи, проекти, замисли од 2004 година па наваму, секако во соработка со повеќе клубови од светот. Најмногу се истакнува соработката со Ротари клубот од Стимбоут - Колорадо, со кого од 2006 година започна и сеуште трае донацијата за медицинска опрема, во кој проект спаѓа и овој новоизграден објект. Околу деталите на проектот, повеќе од претседателот на Ротари клубот од Охрид, Зоран Вељановски - Летра: „ Проектот започна да се реализира пред едена година, кога Ротари клубот си го зацрта како цел кон сето она што е потребно како круцијален момент во она што му недостига на Охрид. Проблемите кои живот значат , се наша појдовна точка. За помалку од една година реализиравме проект вреден повеќе од 30 илјади евра. Не застануваме тука, ние продолжуваме со доопремување на овие простории. Јас сум многу горд, што еден вакоа голем проект, се заврши во мандатот на моето претседателствување со Ротари клубот" истакна Вељановски. Во соработка со Ротари клубот од Битола се најавува до крајот на годината, болницата во Охрид да добие два инкубатори за новороденчиња. Соработката со големите и моќни ротаријанци ширум светот, како што се Америка, Франција, Индија и други,продолжува и понатаму. Охрид како светска метропола сето ова го заслужува. Децата ширум светот па и во Охрид, заслужуваат да се лекуваат и раснат во подобри услови, е ставот на ротаријанците од градов.
З.А.
|
|
Што се ќе реализира Општа болница - Охрид |
|
Понеделник, 19 Април 2010 07:12 |
 Општата болница од Охрид има навистина со што да се пофали. Пред еден месец заврши адаптацијата на новиот оддел на аудиологија, при ушното одделение во болницата. Тоа е простор од некаде 130 метри квадратни, кој е комплетно реновиран и опремен, секако по светски стандради. Еден голем проект, кој е поддржан од американската Влада и американскиот Стејдепартмент, Општа болница е добитник на хуманитарна помош од 1 милоион долари. Таа работа е договорена пред 15 дена, а ќе биде реализирана во текот на септември месец, во дополнителна опрема за потребите на болницата. Понесени од намерата во наредниот период ова да прерасне во регионална болница, односно клинички центар, од страна на менаџерскиот тим на болницата се направени списоците за потребните средства, а како најприоритетни влегуваат: компјутерска томографија, магнетна резонанца, литотрипсер - апарат за кршење на камења, 6 ехо апарати, оддел за метаболни нарушувања,околу 105 нови софистицирани електрични кревети(еден чини околу 3500 долари*) бројни перфузомати, инфозомати, монитори, ЕКГ апарати и потрошен медицински материјал. На интерното одделение веќе се во подготовка нови простории за модерен гастро-ентерохепатолошки центар за најсовистицирана гастроскопија и колоноскопија со монитори. Сериозно се работи и не обновување и реализација на идејата Охрид добие модерен ургентно - тријажен поликлинички дел, што би значело Маларична амбуланта да се пресели во близината на општа болница. Македонската Влада пред една година изготви проект и најде финансиски средства, меѓутоа работата подзастана поради спорна маркица за градба која ја издава локалната од Охрид. „ Меѓутоа јас сум оптимист дека соработката помеѓу локалната самоуправа, раководството на ЈЗУ Општа болница и раководството на здравствениот дом, ќе се изнајде решение и дека сето ова ќе се реализира, за доброто на охриѓани секако", вели д-р Сашо Василевски. Тој посочува дека исто така се одобрени 1 милион евра за комплетно реновирање на хируршкиот дел, кој треба да започне некаде околу 1 јуни. „Ние сме влезени во првата фаза на реконструкција на болниците во РМ. "Значи оваа стара зграда од некаде 50 тина години,ќе биде комплетно реновирана, ентериерно и екстериерно. Ова ќе биде нова болница", вели Василевски. Најболната точка сепак се новите вработувања. Општа болница има доставено приоритетно барање до Министерството за здравство и до Владата за ургентни приоритетни вработувања на кадри кои во моентот се неопходни. Тука пред се спаѓа медицинскиот кадар на лекари и останат медицински персонал и секако придружни вработувања. Ветено е дека во текот на јуни и ова ќе биде реализирано.
З.А.
|
|
СДСМ плаче како мало дете, вели д-р Сашо Василевски |
|
Понеделник, 19 Април 2010 07:05 |
Лично како лекар и хуманист, повреден од обвиненијата од страна на ОО на СДСМ, портпаролот на Општа болница Охрид, д-р Сашо Василевски, вели: „Кога некој ќе си земе за право да излезе на тематска прес конференција, пред се треба да е добро подготвен, поткован со издржани факти и и реалности. Уште повеќе ме зачудува фактот што моите колеги кои работат во овој центар, а се членови на СДСМ и кои длабоко ги почитувам, требаше како најповикани да застанат со свој став по ова прашање. Ве уверувам, ние нема да коментираме и демантираме несоодветни изјави. Ние ќе работиме, ќе отвораме, ќе санираме се што не е направено во изминатиот период. Ќе застанеме цврсто и одлучно на криминалот, на бранење на нашиот еснаф и секогаш единствено така и ќе функционираме". Од новинарите тој побарал да чиста, објективна и реална соработка. И за крај, изреволтиран од како што вели тој неиздржаните обвиненија ја коментираше прес конференцијата на СДСМ, со следните зборови: "Таа прес конференција за мене личеше на мало дете кое ја изгубило цуцлата и плаче и плука".
З.А
|
|
Суспендирани "охридските бели" |
|
Сабота, 17 Април 2010 12:31 |
 Дисциплинска комисија на ФФМ го суспендира ФК Охрид со три натпревари неиграње на домашен терен. "Охридските бели" се казнети со забрана за играње на свој терен на три првенствени-куп натпревари поради физички напад на првиот помошен судија од страна на неслужбено лице на натпреварот "Охрид 2004"- "Локомотива". Сусапензијата тече од 28 март.Досега,фудбалерите на "Охрид" имаат одиграно еден натпревар како домаќини во Кавадарци. Според изречената казна, "охридските бели" треба да одиграат уште два меча против Дрита и Беласица во рамките на 22 и 23 коло од Втората МФЛ, надвор од Охрид.
|
|
|