maxi-d---logo
radiofb
73°
23°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
Дејан Новаковиќ смртно претепан во групна тепачка во Охрид
Петок, 27 Август 2010 12:01
Дејан Новаковиќ е туристот од Србија кој беше смртно претепан во групна тепачка во Охрид.

Во масовниот хаос,  кој настанал утрово пред кабарето  Куба Либре  настрадал српскиот гостин,  кој заедно со својот  пријател бил на одмор  во Охрид. Според првичните информации немилиот настан се случил после  3 часот утрово,   при што банална  расправија во клубот  преминала во хорор тепачка надвор,  каде  биле повредени повеќе лица.  Ударите со тврд предмет  во главата биле фатални за 34 годишниот белграѓанец, кој починал на патот кон  охридската болница. Неговиот другар  32 годишниот  Горан Периќ од Белград, едвај извлекол жива глава.

- Во  болницата  утрово беа донесени две лица. Едниот пациент   без знаци на живот со тешки повреди на главата,  обдукцијата ќе ги покаже причините за  неговата смрт, вели    д-р Сашо Василески портпарол на охридската болница. Вториот пациент бил со полесни повреди на главата и  после укажаната лекарска помош бил пуштен на домашна нега. За среќа тој е вонживотна опасност,  соопшти Василески.   

Според информациите до кои дојде Радио Охрид,  кавгата започнала меѓу гости од Србија,  но поради напад на сопственикот на локалот , во неа  се вклучиле и охриѓани по што таа преминала во неконтролирано  насилство. Неофицијално во крвавата агресија  со трагичен крај учествувало  и дел од обезбедувањето и други гости во клубот.
Во полициската станица приведени се триесетина  лица учесници во инцидентот, очевидци и обебедување на кабарето, каде сеуште трае распитот .

За жал ова не е прва пресметка   во која  главни актери се  туристи од Србија , минатото лето во Охрид  имаше тепачка помеѓу српски  гости  во која учесниците поминаа со полесни повреди.
Инаку  последниве години токму  србите  се најбројните гости на брегот на Охридското езеро и  повеќе од јасно е дека  овој трагичен настан главниот туристички центар во земјава го става на црната листа дестинации во светот.




 
Охридското ВМРО – ДПМНЕ обвинува: Во пет години владеење, Александар Петрески не направи ништо за доброто на Охрид
Петок, 27 Август 2010 12:00
Охридскиот огранок на ВМРО - ДПМНЕ обвинува: Во пет години владеење, Александар Петрески не направи ништо за доброто на Охрид.

Оваа локална самоуправа и градоначалникот направија се оваа летна сезона да биде една од најлошите во изминатите години во Охрид. Кавгите, распрвиите, донесувањето урбанистички решенија и згрижувањето на своите истомисленице не придонесоа Охрид да почне туристички да живее, обвини на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

Михаилов додава дека централната власт инвестира и зад себе остава траги во инфраструктурата. Тој понатаму на адреса на локалната власт упати обвинување дека во текот на оваа летна сезона од крајбрежјето бил направен панаѓур. Ние ќе ги поправиме сите грешки на оваа локална самоуправа кога ќе го добиеме градоначалничкото место, вели тој.

Објектот на старата маларична со години преставува грда слика на Охрид. Според Михаилов, главната пречка за изградбата на нов и современ објект кој ќе одговори на потребите на сите граѓани и на туристите е неажурноста во администрацијата на локалната самоуправа и покрај тоа што маркицата за изградба е добиена и владата веќе го префрли земјиштето.

Тој се огради од одговорот за надлежноста на владините министерства за проблемот со бродарите и за концесиите на плажите.
"Дозволите за администрирање на плажите се законски доделени, а колку што сум запознаен бродарите веќе имаа неколку средби во министерството за транспорт и врски, така што тоа се решава на повисоко ниво", додаде Михаилов.

Тој вели дека Владата на Република Македонија и понатаму ќе инвестира во Охрид и ќе се грижи за доброто на граѓаните. Во таа насока, од наредниот месец ќе започнат и интензивни среби со жителите на градот на терен, со цел што поефикасно решавање на нивните проблеми, настанати со лошото раководење на градот, најавуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 
Студентите конкурираат за место во домот Никола Карев
Петок, 27 Август 2010 11:57
Бруцошите од Факултетот  за Туризам и Организациони Науки и  Универзитетот за Информатички технологии  кои не живеат во Охрид деновиве поднесуваат апликации за сместување во Државниот Студентски Дом "Никола Карев".
"Покрај тоа што апликантите  не смеат да имаат постојано место на живеење во Охрид, тие треба да бидат редовни студенти на еден од двата охридски факултети,  да се државјани на Република Македонија  и да имаат завршено средно училиште" вели директорот на Студентскиот Дом, Марјан Ристески.

"Веќе се завршени апликациите за сместување на студентите од  повисоките студиски години. роковите за аплицирање беа од 9 јули до 9 август. Прелиминарната листа беше објавена  на 12 август по што следеше рок на жалба од 5 дена . Од 16 до 20 август  доставуваа документи студентите кои излегле на прелиминарниот список", додава Ристески  

Државниот Студентски Дом "Никола Карев" располага со 86 соби  дво и три креветни со  вкупно 218 легла. Во домот има апартманско сместување. Секоја соба има засебно купатило и тераса и 24 часовен бесплатен интернет. За секој поединец има пансионска услуга, а трошоците ги покриваат Државата и студентите во соодснос 50- 50.

 
Охриѓани ќе се лечат во Струга
Петок, 27 Август 2010 08:33
Гинеколошкото, Уролошкото, Хируршкото и Неонатолошкото одделение од охридската заминуваат во струшката болница.

Причина за тоа е реновирањето и реконструкцијата на стариот болнички комплекс во хируршкиот блок при Општата болница во Охрид, кое ќе трае повеќе од една година. За тоа време охриѓани своите здравствени услуги ќе ги задоволуваат на истите одделенија во Струга.

Но дали инфраструктурните и кадровските капацитети во струшкиот здравствен дом ќе може да одговорат на двојно зголемените потреби? Вработените и пациентите скептични, спротивно од надлежните, кои уверуваат дека сите пациенти ќе добијат квалитетен болнички третман.

- За нас секако е најважно да се обезбеди квалитетот и ефикасноста на здравствените услуги на пациентите од охридско- струшкиот регион бидејки тука ке има појачана соработка, уверува д-р Владимир Поповски заменик министер за здравство.

Здравствениот комплекс комплетно ќе се реновира секоја соба ќе има засебен тоалет, нови кабинети и операциони сали.Ова е чекор кон модерно и современо здравство, појаснуваат од охридската болница.

- Старата зграда е изградена во едно друго време пред педесетина години и не може да одговори на потребите на пациентите, односно нема услови на една болничка установа, вели д-р Сашо Василески портпарол на ЈЗУ Опта болница Охрид.

Од струшката болница подготвени да извршат двојно повеќе операциони зафати и породувања.

- Минатата година имавме околу 610 породувања, свесни сме дека оваа бројка ке се дуплира. Следната година очекуваме околу 1200 породувања но ке одговориме на потребите на пациентите, вели Ментор Ибраими директор на ЈЗУ Општа Болница –Струга.

Останува времето да покаже дали во стеснети услови , пациентите ќе добијат квалитетна здравствена услуга.
 
Охриѓани пијат биолошки исправна и здрава вода
Вторник, 24 Август 2010 14:03
Граѓаните на Охрид и посетителите на езерското крајбрежје за време на изминатата летна туристичка сезона конзумираа биолошки исправна и еколошки здрава вода за пиење. Тоа го покажаа резултатите од  последниот циклус од испитувањето на физичко - хемискиот и микробиолошкиот состав на водата во Охридското Езеро од македонска страна, кое заврши денес.  Анализи беа вршени на 30 примероци од површинска вода земени на потегот од селото Радожда до Свети Наум и од трите реки што се влеваат во езерото, Грашница, Велгошка и Сатеска, рече Сашо Точко од Републичкиот завод за здравствена заштита.


saso_centar_za_javno_zdravje-web

Исто така во текот на летото беше испитан и квалитетот на водата во базените во хотелските објекти во Охрид и во Струга. Според добиените податоци, тие може да се користат за рекреација и спортови на вода од страна на туристите кои престојуваа во некои од хотелите.

Континуирано се испитуваше и квалитетот на водата во комплексот Билјанини извори. Анализите демонстрираат дека водата од овие извори е квалитетна и исправна за пиење, Истите резултати беа добиени и при спроведените анализи на водата во изворите кај манастирскиот комплекс Свети Наум, освен онаа во чешмата кај Света Петка, каде што и оваа година беше забележано микробиолошко загадување, вели Точко.

Контролата на водата во јавните чешми за пиење покажа дека таа е со добар квалитет и еколошки исправна за употреба.

Точко најави дека анализите за квалитетот на водата во Охридското езеро ќе продолжат и во понатамошниот период.


 
Законот за домување - невозможна мисија во Охрид
Вторник, 24 Август 2010 13:53
Поради големиот број викенд станови, Законот за домување е неспроведлив во Охрид - се согласуваат и инспекторите и станарите. Невозможна мисија е регистрирањето "Заедница на сопственици“, особено во оние згради каде повеќето станови се во рацете на лица од други градови. Голем е проблемот што времените станари се потполно непознати, но и незаинтересирани за соработка.

Викендашите да се вклучат во регистрирањето на „Заедници на куќни совети“ и конечно да ги помируваат своите обврски за одржување на заедничките простории во колективните згради, во спротивно ќе бидат казнети , повикаа денеска од општинскиот инспекторат од Охрид.
"Проблемот останува отворен, сепак ние ги бараме адресите на сопствениците на станови од други градови. Па, во прво време ќе одиме со опомени тие да почнат да ги помируваат нужните обврски, доколку тоа не ги опамети ќе одиме и со глоби, 400 евра казна за секој сопственик, опоменува раководителот на општинскиот инспекторат", Танас Танасоски.

Во повеќето згради низ Охрид речиси никогаш не функционирал куќен совет, токму затоа тие се во катастрофална состојба.

Дел од погусто населените станбени објекти во центарот на градот деновиве со напори успеале да ги соберат потребните документи.
"Навистина тешко оди спроведувањето на Законот за домување во нашиот град, тргнувајќи од фактот што поголем дел од станбените објекти се полупразни со викенд станови. Ние вложивме напори и едвај успеавме да регистрираме куќен совет", вели Наташа Доновска, претседател на Заедница на сопственици на станови во една зграда во Охрид.

Огромен е интересот на граѓаните за спроведување на законот, кој би требало да ги реши долгогодишните проблеми во колективното домување во Охрид. Но, тој ќе остане мртво слово на хартија се додека сопствениците на викенд станови се анонимни.
 
На Охрид му треба градска галерија за изложбената уметност да пулсира преку целата година
Вторник, 24 Август 2010 13:50
На вечен заборав  се осудени  најубавите  уметнички дела кои по затворањето  на некоја ликовна  изложба на подарок ги добива Охрид. Непостоењето на професионална градска галерија е причината поради која илјадниците уметнички слики завршуваат во депото на националната установа "Завод и музеј" од Охрид. На рафтовите од музејското депо се дела на светски познати уметници а од македонските тука се делата  на Вангел Коџоман, Никола Мартиновски,Лазар Личеновски, потоа Васко Ташковски Кирил Урдин ,Стефан Хаџи Николов и многу други.  Сите тие слики и оние кои допрва  ќе се изложуваат  ќе мечтаат по светлината на денот.
"Во Охрид има два изложбени простори во ЦК "Григор Прличев" и во куќата на Робевци, но тие се претесни за да ги соберат и да овозможат добра прегледност за многуте уметнички дела кои ги имаме", вели кустосот во Завод и Музеј од Охрид, Никола Николовски.
"Повеќе пати сме апелирале до локалната и централната Власт да го разгледаат прашањето кое се однесува на професионална галерија но и едните и другите се слепи и глуви за решавање на овој проблем", додава Николовски

Постоењето на голема градска галерија би овозможила пулсирање на ликовни изложби не само за време на летниот период туку и во зима. Годинава, летната  ликовна изложбена сезона  завршува овој месец со изложбите на Сашо Блажески, Ванчо Димоски и Зорица Азеска.
Заводот и Музеј од Охрид прави напори на 21 ноември да поставена изложбата на Икони со цел да се продолжи таа изложбена сезона. После тоа настапува период на длабок зимски сон за изложбената уметност која ќе се пробуди наредната пролет.


 
Охридски хорски фестивал по трет пат
Вторник, 24 Август 2010 13:48
Охрид и оваа година ќе биде местото каде ќе се слави моќта на заедничкото пеење. На 26 август започнува третиот по ред Охридски хорски фестивал кој ќе трае до 30 август. Според програмата, поканети се 39 хорови од 20 држави.  
По тој повод утре во малата сала на Општина Охрид во 11 часот ќе се одржи прес конференција.
И оваа година фестивалот ќе се одржува во Дијамантската сала во хотелот Инекс Горица, а духовните концерти ќе се одржат во црквата Св. Софија.
Фестивалот има натпреварувачки карактер и ќе се одвива во три категории: детски хорови, младински и хорови за возрасни.

Ревијалниот дел од фестивалот ќе го сочинуваат фолклорните и концертите со поп музика, како и настапите со црковна музика.

 
В понеделник ќе заседава Советот на општината
Вторник, 24 Август 2010 09:45
Претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, за в понеделник 30 август, ја закажа 21-та седница на градскиот совет. Советниците ќе расправаат по 59  Предлог - одлуки, од кои 27 се однесуваат на локални урбанистички плански документации, 5 Предлог - одлуки за донесување на Нацрт детални урбанистички планови и една Предлог - одлука за донесување Нацрт урбанистички план за с.Пештани.
ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во основните училишта во општина Охрид .

2.Предлог одлука за усвојување на финансискиот извештај на МЈП „Проаква“ Струга за   периодот од 01.04.2010 год. до 30.06.2010  год. за  РЕ „Водовод“ Охрид  и  РЕ „ Колектор“ Струга

3.Предлог одлука за  усвојување на  тримесечниот извештај   за работењето на  ЈП „Билјанини Извори“ - Охрид  за периодот од 01.04.-30.06.2010  година.

4.Предлог  одлука за  усвојување   на    извештајот   од работењето и остварените резултати на ЈП „Охридски Комуналец “ Охрид  за  периодот 01.04-30.06.2010   година.

5. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

6. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за одстапување на подвижни основни средства-машини,транспортни средства  ,опрема и други основни средства од МЈП „Проаква“ Струга на ЈП „ Нискоградба Охрид“ Охрид .

7.Предлог одлука  за давње согласност на одлуката за одстапување  на користење основни средства- недвижности од МЈП „Проаква“ Струга на ЈП „ Нискоградба Охрид“ Охрид .

8.Предлог одлука за давање согласност на одлуката за  одстапување – продажба на основни матерјални средства резервни делови за машини и возила и други помошни матерјали

9.Предлог одлука за давање согласност на одлуката за  уредување на меѓусебни односи помеѓу  МЈП „Проаква“ Струга  и  ЈП „ Нискоградба Охрид“ Охрид  по основ на стекнати права и обврски.

10.Предлог одлука за отпочнување со постапка за јавно приватно партнерство.

11.Предлог одлука за формирање Комисија за спроведување постапка за јавно-приватно партнерство .

12.Предлог одлука за давање согласност  на одлуката   за  измени и дополнување на одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши  ЈП „ Охридски  Комуналец “  Охрид

13.Предлог одлука за давање согласност  на одлуката   за  измени и дополнување на одлуката за утврдување на цените на услугите  што ги врши  ЈП „ Охридски  Комуналец “  Охрид број 02-443/4 од 08.05.2008 год.

14.Предлог Статутарна  одлука за измена на Статутот на единицата на локална самоуправа Охрид.

15. Предлог  одлука за давање согласност на одлуката за  утврдување на висина на надоместокот за одведување и третман на атмосверски води.

16.Предлог одлука за давање согласност на одлуката за висината на надоместокот од цената на вода и канализација за ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид.

17. Предлог одлука за основање на јавно претпријатие за    управување со градски гробишта Охрид

18.Предлог одлука за именување членови во Управен Одбор на  јавното претпријатие за  управување  со градски гробишта Охрид

19.Предлог одлука за именување членови во Надзорен одбор на  јавното претпријатие за  управување градски гробишта Охрид

20.Предлог одлука за основање на јавно претпријатие за   вршење на погребни услуги

21.Предлог одлука за именување членови во Управен Одбор на  јавното претпријатие за  вршење на погребни услуги  Охрид

22.Предлог одлука за именување членови во Надзорен одбор на  јавното претпријатие за  вршење на погребни услуги Охрид

23.Предлог одлука за основање на јавно претпријатие за  управување на  пазари на големо и мало  „Градски пазар“ Охрид

24.Предлог одлука за именување членови во Управен Одбор на  јавното претпријатие за  управување на  пазари на големо и мало  „Градски пазар“ Охрид.

25.Предлог одлука за именување членови во Надзорниот одбор на  јавното претпријатие за  управување на  пазари на големо и мало  „Градски пазар“ Охрид

26.Предлог Одлука за донесување Нацрт детален урбанистички план  за УЗ 1 во  УБ 1.1 плански опфат 1 централно градско подрачје Охрид Општина Охрид нацрт план 2009-2014

27.Предлог Одлука за донесување Нацрт детален урбанистички план  за УЗ 2 во УБ 2.3  опфат 2   Охрид Општина Охрид нацрт план 2010-2015.

28.Предлог Одлука за донесување Нацрт детален урбанистички план  за УЗ 2 во УБ 2.3  опфат 3   Охрид Општина Охрид нацрт план 2010-2015.

29.Предлог Одлука за донесување Нацрт детален урбанистички план  за УЗ 2 дел од УБ 2.4   опфат 2    Охрид Општина Охрид нацрт план 2010-2015.

30.Предлог Одлука за донесување Нацрт детален урбанистички план  за УЗ 9 и 13  УБ 9.3 и 13.2  Општина Охрид нацрт план 2009-2014

31.Предлог Одлука за донесување Нацрт  урбанистички планов за с.Пештани блокови од број 1 до број 18  општина Охрид  2009-2019

32.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 8.1.1 на катастарска парцела 11835   во УЗ 8  УБ 8.1

33.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 1.8 на катастарска парцела 2678/1 во УЗ 16 Рача УБ 16.2

34.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 14.3.2 на катастарска парцела 3443/1 во УЗ 14 УБ 14.3

35. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 10.1.1 на катастарска парцела   10331/1 во УЗ 10 УБ 10.1

36. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 8.2.3.4  на катастарска парцела   16729 во УЗ 8 УБ 8.2

37.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 2.6 на катастарска парцела  2784 Лагадин – Пештани

38.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела  2.7  на катастарска парцела 2785/1 Лагадин-Пештани

39. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела   1 на катастарска парцела  10098/1 и 4266 (индустриски комплекс АМАК)

40.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 2  на катастарска парцела 10098/1 (индустриски комплекс АМАК).

41. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 3  на катастарска парцела 10098/1 (индустриски комплекс АМАК)..

42.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 4  на катастарска парцела 10098/1 (индустриски комплекс АМАК)..

43. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 5  на катастарска парцела 10098/1  и 4266 (индустриски комплекс АМАК)..

44. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 9.27 на катастарска парцела 1247 Лагадин Пештани

45. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 9.31 на катастарска парцела 1247 Лагадин Пештани

46.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела  1 на катастарска парцела 1763 Лескоец

47.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела на катастарска парцела 1769/1 и 1769/2  КО Љубаништа.

48.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела на катастарска парцела 10902/1 УЗ 6 УБ 6.1 КО Охрид 2

49.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела на катастарска парцела  614/1 во КО Вапила

50.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 2.81 на катастарска парцела  1714 во УЗ 6 УБ 6.2 КО Охрид 1

51. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 14 на катастарска парцела 6873/3 УЗ 16 УБ 16.3 Опфат 3.

52.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела на катастарска парцела 4899  (локалитет Андон Дуков).

53. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела1 на катастарска парцела 10783/2  во УЕ 8.

54.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 8.2.6.9  на катастарска парцела 6611/1 во Урбана заедница 8 УБ 8.2  во КО Охрид.

55.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 2.03 на катастарска парцела 6662 во УЗ 8  УБ 8.3  во КО Охрид.

56.Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 2.3.1.20 на катастарска парцела  15300//2 во УЗ 2 УБ 2.3  во КО Охрид.

57. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 2  на катастарска парцела   1314/6,1316/6,1316/5,1316/4,1314/15 УБ 9 Лагадин Пештани

58. Предлог Одлука  за утврдување потреба од изработка и донесување  на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела 3 на катастарска парцела   1314/3, 1297/3,1314/16,1314/17,1314/18  во УБ 9  Лагадин Пештани .

59. Предлог одлука за отстапување на основни средства – моторни возила .

 
Зголемување на безбедноста на црквите
Понеделник, 23 Август 2010 11:29
Итно дополнително  зголемување на степенот на заштита  на влезните врати и другите приоди до верските објекти,  формирање Комисија за валоризација и ревалоризација на оригиналните  икони, црковни артефакти и други културно-историски предмети, отпочнување на процес за  нивна  дислокација посебно од места каде нема активно население и понатамошно сместување во обезбедени и добро заштитени  депоа, се заклучоците од вчера одржаниот работен состанок, кој  во организација на Секторот за внатрешни работи Охрид, се одржа со  претставници на Дебарско-Кичевската Епархија,  Музеите и Заводите за заштита од Охрид и Струга  како и од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија.

Оваа постапка ке следи одкако, по иницијатива на Синодот на МПЦ-ОА и Министерството за Култура на РМ, ке отпочне изготвување на дигитални копии односно верни копии на оригиналите на највредните и бесценетите икони.
Во однос на темата на работниот состанок „Превенција на кражби и  заштита на црковните споменици и културно-историски предмети„ беше извршен аналитички видео осврт  и беа прецизирани натамошни превентивни мерки за целосна заштита на верските објекти и вредните артефакти од посебно културно-историско значење.

Исто така беше нагласена потребата од продолжување на мерките на Полицијата за заштита на црквите и другите верски објекти како и  натамошно едуцирање на Црковните одбори и месното население како најдобри бранители на црковниот имот.





 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.