maxi-d---logo
radiofb
66°
19°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
Дојде на одмор, замина мртов
Понеделник, 30 Август 2010 12:15
Дојде на одмор замина мртов, вака почнува и завршува тажната приказна за српскиот турист, кој во петокот на смрт беше претепан во Охрид. Од охридските градски гробишта безживотното тело на Дејан Новаковиќ денеска тргна на пат за достоен погреб во Белград. Неговиот брат Ненад, вчера после долго убедување и страв пристигна на кобното место. Завиен во болка и солзи побара правда, полицијата и надлежните да го расчистат свирепото убиство,а насилниците да бидат казнети.
- Никогаш нема да можам повторно да дојдам во Охрид, местото пред поштата , кога ке поминам секогаш ќе ме наврака на најлошото. Што да ви кажам, посакувам ова никогаш да не се случеше а и во иднина никогаш да не се повтори, со пригушен глас и тага рече Ненад Новаковиќ, братот на Дејан.
- Ако се случуваат вакви трагедии сигурно в година Охрид нема да биде преполн со српски туристи. Чудно ми е и криво ми е што полицијата тогаш не беше таму пред дискотеката, која е позната по лоши настани. Тоа е тоа што замерувам и жалам, низ плачење рече Ненад.



brat1001a-web

Охрид со огромно жалење се прости од младиот турист од Србија, градот искрено жали и се срами од немилиот настан.

- Охрид не го сочинуваат десетина силеџии, Охрид е нешто сосема друго ние сме госторпимливи не случајно ја добивме таа награда токму од Србија. Ние посакуваме сите насилници да бида изведени пред лицето на правдата и да се стави крај на сите насислтва кои го валкаат името на градот, истакна градоначалникот Александар Петрески.


brat1004a-web

Седуммината охриѓани, кои заработија кривични пријави за свирепо убиство на подмолен начин, од Истражниот затвор во Скопје , каде излежуваат казна притвор, денеска со силно обезбедување беа донесени во Охридскиот суд, на повторно препознавање и распит.
 
Од Св.Наум до Охрид нема ниту еден исправен банкомат
Понеделник, 30 Август 2010 09:13
Од Свети Наум до Охрид нема ниту еден  банкомат, за користење на банкарски услуги. Туристите се жалат, тие патуваат по 30 километри за да извадат пари од центарот на градот. На прсти се бројат и  локалните продавници каде има опција за плаќање  со кредитни или  тековни картички.
Бесмислено но вистиното, главниот туристички центар, во ова современо време функционира со бедна банкарска и електорнска конекција.
- Нема , нема банкомати, треба да има повеќе ова е проблем и за  туристите но и мештаните, вели еден посетител.
Шетам по улици и еве нигде нема банкомат.  Сега не можеме да извадиме пари и  без пари ќе одиме до Охрид, вели една гостинка која нашата екипа ја затекна  како бара  банкомат во село Пештани.
- Мое мислење е дека нема доволно треба да има повеќе.

Деновиве беше отстранет и  единствениот банкомат  поставен во село Пештани, кој  за несреќа на сите,  ретко бил во функција и не ги  задоволувал услугите  за кој бил наменет.
- Еве тука имаше  еден банкомат, вчера го демонтираа и го однесоа. Ова е навистина голем проблем, туристите постојано реагираат дека немаме ниту  банка, ниту апарати за картички.  Ова е магистрален пат тука патуваат туристите од Албанија до Охрид сите прашуваат каде можат да извадат пари, но еве никоја од банките нема интерес да одговори на потребите на граѓаните, вели еден жител на Пештани. 

Сиромашната банкарска конекција и апаратура најмногу ги погодува странските гости, кои одамна се одвикнале од носење готовина.
Но, за жал ова не е единствениот проблем со кој се соочуваат  туристите. На истиот потег,  од Охрид до св Наум нема ниту една бензинска пумпа, пошта, амбуланта,  ниту  пак аптека.

 
Силна рација во Охрид
Понеделник, 30 Август 2010 09:05
Припадниците на мобилната единица "Алфа", во саботата извршија повеќе контроли во ноќните клубови во градот, како и претреси на повеке лица со полициски досиеја. Три лица беа приведени.
Кај едниот бил пронајден пиштол и  димна бомба, импровизирана полициска палка и неколку ампули со засега неутврдена течност. Кај другиот марихуана и нож, а кај третиот дури самострел.
Покрај овие три случаја, извршено е легитимирање и претреси и кај други 30 лица кај кои нема пронајдени дрога или оружје. Исто така извршени се проверки и на 15 патнички возила, а во текот на ноќта беше извршена контрола и на вработените во обезбедувањето во три ноќни клуба "Кадмо", "Парк" и "Фешн". Од страна на полицијата кај нив не биле констатирани никакви неправилности. При извршените дејствија немало никакви проблеми, ниту потреба за употреба на сила.

 
Менаџерскиот тим на Куба либре жали за трагедијата
Понеделник, 30 Август 2010 08:29
Менаџерсакиот тим на Друштвото за трговија и услуги "МОСТРОВ ДООЕЛ" Охрид, во чија сопственост е ноќниот клуб "Куба Либре" (Хавана) изразува жалење за трагичниот инцидент и изгубениот живот. Во дописот се наведува дека немилиот настан не се случил во клубот и дека вработените со ништо не придонеле за трагедијата, за која длабоко жалат:

"Во врска со трагичниот инцидент во раните утрински часови на 27.08.2010 година во кој животот го загуби држајанинот на Република Србија Дејан Новаковиќ менаџерскиот тим и вработените изразуваат длабоко жалење и искрено длабоко сочуство до семејството, пријателите и граѓаните на Република Србија.

Истовремено сакаме да ја информираме јавноста дека немилиот настан не се случи во Ноќниот клуб КУБА ЛИБРЕ (ХАВАНА), ниту еден од вработените не  е инволвиран на било каков начин и не придонел за фаталниот епилог, и секогаш ги превземаме сите потребни мерки за безбедноста на сите гости подеднакво во сите наши објекти.

Ја изразуваме нашата подгвотвеност за целосна соработка со сите надлежни институции со цел да се дознае целата вистина" - стои во дописот до медиумите испратен од  ноќниот клуб Куба Либре.

 
30 дневен притвор за 7 осомничени за убиството на Дејан Новаковиќ
Понеделник, 30 Август 2010 08:19
30 дневен притвор за седуммината  осомничени за свирепо убиство на подмолен начин - ова е одлуката на Истражниот судија Јагода Трпеска при Основниот суд Охрид. Саботата,  нешто после полноќ  и по завршувањето  на  11 часовниот  судски распит, осомничените беа испратени во Казнено-поправната установа Шутка во Скопје,  каде ќе ја  издржуваат казната. Главни осомничени за крвавата тепачка, во која на смрт беше претепан 34 годишниот  Дејан Новаковиќ е еден од сопствениците на ноќниот клуб Куба Либре и неговиот пријател од Србија Драган Ѓорѓевиќ, по кој полицијата сеуште трага. Еден од притворените ќе одговара  за бришење на  датотеката од компјутерот , односно  видео записот од безбедносните камери поставени во ноќниот клуб.

Радио Охрид од свои извори неофицијално дознава дека учесниците во инцидентот ќе останат во притвор се до донесувањето на правосилната пресуда.
Во петокот рано утрото,  после баналната караница, која почнала  во ноќниот клуб Куба Либре во Охрид, настана  масовна тепачка,  во која  од удари во градите и главата на лице место почина српскиот турист  Дејан Новаковиќ а полесно беше повреден неговиот другар, 32 годишниот  Горан Периќ. 

Братот на починатиот,  веќе пристигна во Охрид , да се запознае со деталите и да го преземе безживотното тело на Дејан , кој зад себе остави мајка, сопруга и  три малолетни керќи. Синоќа  Ненад Новаковиќ беше примен од  градоначалникот Александар Петрески, со цел да се договорат околу преземањето на телото.

И денеска  во Охрид главна тема е немилиот настан,  кој ја згрози  македонската и српската јавност.

 
Охридскиот совет ќе му оддаде почит на Новаковиќ
Понеделник, 30 Август 2010 08:16
Советот на Општина Охрид денес ќе ја одржи 21 та седница. Пред почетокот на седницата советниците со едноминутно молчење ќе му одддадат почит на српскиот турист Дејан Новаковиќ кој го загуби животот во масовната тепачка што во петокот се случи во Охрид. На седницата се очекува да присуствува и братот на починатиот српски турист Ненад Новаковиќ, а кратки обраќања ќе имаат Градоначалникот Александар Петрески, претседателот на советот Душко Јаковчески и претставници на граѓански здруженија.
Иако беше најавено, на денешната седница нема да се расправа за безбедносната ситуација во градов, со цел да  се избегне било каква злоупотреба на трагичниот настан во политички цели, додека телото на починатиот српски турист не биде пренесено во Белград.
Советниците за безбедносната ситуација во Охрид ќе расправаат на специјална седница закажана за 13 септемвти.

 
Кривична за повреда на право од работен однос
Петок, 27 Август 2010 12:27
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(41) и А.Г.(43), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело "повреда на правото од работен однос".

Пријавените, во својство на директори во Јавната здравствена установа „Здравствено дом Охрид" спротивно на одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор за здравствената дејност на Р Македонија во периодот од мај до јули оваа година при исплата на платите на 155 вработени им го ограничиле правото на надомест на плата со месечно ускратување на 25% од надоместокот за минат труд, со што ги оштетиле за вкупен износ од 307.210 денари.
 
Дејан Новаковиќ смртно претепан во групна тепачка во Охрид
Петок, 27 Август 2010 12:01
Дејан Новаковиќ е туристот од Србија кој беше смртно претепан во групна тепачка во Охрид.

Во масовниот хаос,  кој настанал утрово пред кабарето  Куба Либре  настрадал српскиот гостин,  кој заедно со својот  пријател бил на одмор  во Охрид. Според првичните информации немилиот настан се случил после  3 часот утрово,   при што банална  расправија во клубот  преминала во хорор тепачка надвор,  каде  биле повредени повеќе лица.  Ударите со тврд предмет  во главата биле фатални за 34 годишниот белграѓанец, кој починал на патот кон  охридската болница. Неговиот другар  32 годишниот  Горан Периќ од Белград, едвај извлекол жива глава.

- Во  болницата  утрово беа донесени две лица. Едниот пациент   без знаци на живот со тешки повреди на главата,  обдукцијата ќе ги покаже причините за  неговата смрт, вели    д-р Сашо Василески портпарол на охридската болница. Вториот пациент бил со полесни повреди на главата и  после укажаната лекарска помош бил пуштен на домашна нега. За среќа тој е вонживотна опасност,  соопшти Василески.   

Според информациите до кои дојде Радио Охрид,  кавгата започнала меѓу гости од Србија,  но поради напад на сопственикот на локалот , во неа  се вклучиле и охриѓани по што таа преминала во неконтролирано  насилство. Неофицијално во крвавата агресија  со трагичен крај учествувало  и дел од обезбедувањето и други гости во клубот.
Во полициската станица приведени се триесетина  лица учесници во инцидентот, очевидци и обебедување на кабарето, каде сеуште трае распитот .

За жал ова не е прва пресметка   во која  главни актери се  туристи од Србија , минатото лето во Охрид  имаше тепачка помеѓу српски  гости  во која учесниците поминаа со полесни повреди.
Инаку  последниве години токму  србите  се најбројните гости на брегот на Охридското езеро и  повеќе од јасно е дека  овој трагичен настан главниот туристички центар во земјава го става на црната листа дестинации во светот.




 
Охридското ВМРО – ДПМНЕ обвинува: Во пет години владеење, Александар Петрески не направи ништо за доброто на Охрид
Петок, 27 Август 2010 12:00
Охридскиот огранок на ВМРО - ДПМНЕ обвинува: Во пет години владеење, Александар Петрески не направи ништо за доброто на Охрид.

Оваа локална самоуправа и градоначалникот направија се оваа летна сезона да биде една од најлошите во изминатите години во Охрид. Кавгите, распрвиите, донесувањето урбанистички решенија и згрижувањето на своите истомисленице не придонесоа Охрид да почне туристички да живее, обвини на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

Михаилов додава дека централната власт инвестира и зад себе остава траги во инфраструктурата. Тој понатаму на адреса на локалната власт упати обвинување дека во текот на оваа летна сезона од крајбрежјето бил направен панаѓур. Ние ќе ги поправиме сите грешки на оваа локална самоуправа кога ќе го добиеме градоначалничкото место, вели тој.

Објектот на старата маларична со години преставува грда слика на Охрид. Според Михаилов, главната пречка за изградбата на нов и современ објект кој ќе одговори на потребите на сите граѓани и на туристите е неажурноста во администрацијата на локалната самоуправа и покрај тоа што маркицата за изградба е добиена и владата веќе го префрли земјиштето.

Тој се огради од одговорот за надлежноста на владините министерства за проблемот со бродарите и за концесиите на плажите.
"Дозволите за администрирање на плажите се законски доделени, а колку што сум запознаен бродарите веќе имаа неколку средби во министерството за транспорт и врски, така што тоа се решава на повисоко ниво", додаде Михаилов.

Тој вели дека Владата на Република Македонија и понатаму ќе инвестира во Охрид и ќе се грижи за доброто на граѓаните. Во таа насока, од наредниот месец ќе започнат и интензивни среби со жителите на градот на терен, со цел што поефикасно решавање на нивните проблеми, настанати со лошото раководење на градот, најавуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 
Студентите конкурираат за место во домот Никола Карев
Петок, 27 Август 2010 11:57
Бруцошите од Факултетот  за Туризам и Организациони Науки и  Универзитетот за Информатички технологии  кои не живеат во Охрид деновиве поднесуваат апликации за сместување во Државниот Студентски Дом "Никола Карев".
"Покрај тоа што апликантите  не смеат да имаат постојано место на живеење во Охрид, тие треба да бидат редовни студенти на еден од двата охридски факултети,  да се државјани на Република Македонија  и да имаат завршено средно училиште" вели директорот на Студентскиот Дом, Марјан Ристески.

"Веќе се завршени апликациите за сместување на студентите од  повисоките студиски години. роковите за аплицирање беа од 9 јули до 9 август. Прелиминарната листа беше објавена  на 12 август по што следеше рок на жалба од 5 дена . Од 16 до 20 август  доставуваа документи студентите кои излегле на прелиминарниот список", додава Ристески  

Државниот Студентски Дом "Никола Карев" располага со 86 соби  дво и три креветни со  вкупно 218 легла. Во домот има апартманско сместување. Секоја соба има засебно купатило и тераса и 24 часовен бесплатен интернет. За секој поединец има пансионска услуга, а трошоците ги покриваат Државата и студентите во соодснос 50- 50.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.