Најнови вести
Судот прифати нови сведоци за убиството на Новаковиќ
Зголемен интересот за огревно дрво во Охрид
Андон Дуков, Градиште и Љубаништа заработија пријави
Ќе се одржи јубилејниот Атлетски маратон
Запленети 8 кг марихуана во Охрид
Македонија и Европа се соочуваат со енергетска зависност
Подигнување на старосната граница за курсеви за подофицери
Слушајте во: 10:00, 11:55, 14:30 и 16:30 ч.
Берза
| Плоштадот во Прага |
| Сабота, 06 Март 2010 13:28 |
|
Прага, главниот град на Чешка изобилува со возбудлива историја, фасцинантни глетки, забави како и гостопримливост на неговите граѓани. Најпрепознатливиот дел од овој град е секако неговиот волшебен и главен плоштад лоциран помеѓу плоштадот Венкеслас и мостот Чарлс.
![]() Со првите чекори на Плоштадот на Стариот Град во Прага, ќе почувствувате како да се враќате назад во времето за околу 600 - 700 години. Со старата архитектура и прекрасните цркви, тој е еден од најубавите историски глетки во Европа. Уште во раниот 12-ти век, никнал како централен пазар во Прага. Во наредните неколку векови, многу згради од романскиот, барокниот и готскиот стил се изградиле околу пазарот, секоја од нив носејќи своја приказна, богати трговци и интрига. Овој плоштад се спомнува во многу значајни настани во историјата на овој град. ![]() Денес, Салата на Стариот Град во Прага претставува само мал дел од големиот комплекс на згради, кои датираат од 13-от до средината на 20-от век. Таа е изградена во 1338-та година и е видлив симбол на автономијата на градот, откако кралот Џон од Луксембург им одобрил на граѓаните од Прага да имаат свој локален градски совет. ![]() ![]() Во 19-от век било додадено источно крило со неоготски стил, за да биде уништено на крајот од втората светска војна. Кулата на Стариот Град во Прага е отворена за јавноста преку цела недела, а на неа посетителите до врвот се искачуваат со лифт, од каде можат да доживеат прекрасна глетка над целиот град. Зашеметувачката црква Св. Никола, која се наоѓа на Плоштадот на Стариот Град била дизајнирана од Килиан Игназ и комплетирана во 1735-та година. Таа ја заменила поранешната општинска црква, која била изградена дури во 1273-та година. ![]() |
























