maxi-d---logo
radiofb
66°
19°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
ХАВАНА
Вторник, 02 Март 2010 10:40
havana3Хавана (целосно име на шпански: Сан Кристобал де Ла Хабана, често нарекувана и Ла Хабана) е главен град на Куба кој со своите 2,5 милиони жители е најголем град во Куба и на Карибите. Хавана се наоѓа на околу 160 км југозападно од Ки Вест на Флорида Киз. Градот Хавана (официјално: "Ciudad de la Habana") е еден од четиринаесетте провинции на Куба.

Хавана се наоѓа на брегот на Флоридскиот Премин. На островот Куба, овој град е сместен во неговиот северозапад и е опкружен од провинцијата Хавана на југ, исток и запад. Хавана како град е основана во 1515 година од Диего Веласкез. Во 1553 година, Сантиаго де Куба кој дотогаш бил главен град на Куба е заменет со Хавана, поради нејзиниот пораст на економски план. Нејзината важност пораснала со порастот на бројот на бродовите на нејзиното пристаниште, кои застанувале пловејќи од Јужна и Средна Америка кон Шпанија.
havana1
Хавана е еден од најразноликите градови во светот. Нејзината архитектура е огледало на неговата богата друштвена и политичка историја од грациозниот колонијален и барокен период, па се до модерните и груби блокови од кули.
Живата музика ечи од секој агол, а Хабанерите (изведувачи на Кубанска музика и танц) се насекаде за да заработаат некој пезос, со што би ги прехраниле своите семејства. Некои од ноќните клубови и кабареа во Хавана се светски познати, како ноќниот клуб Тропикана, кафе барот Хавана, Макимба Хавана итн. Хавана, покрај одличниот добар ноќен живот, нуди и одлични дневни атракции, односно места на кои мора да се појде и во кои има што да се види. Има околу 50 музеи и голем број на галерии.

Денес, Хавана има популација од над 2 милиони жители и е политички, културен и економски центар на Куба. Со една петтина од кубанската популација, тој е еден од градовите со голема и важна историја. Овој град е поделен на неколку општини, но ќе се фокусираме на пет од нив, кои се најинтересни за посетителите:

Старата Хавана
Оваа општина е дефинирана според ограничувањата на раното колонијално население кое е сместено помеѓу утврдените ѕидови и е најинтересната област во градот со многу музеи, историски места, парчиња од претходно споменатите утврдени ѕидови, сите видови на дворци, тврдини и колонијални палати.

Централната Хавана и Церо
Како што започнал да расте стариот град позади ѕидовите, така се основале новите соседства. Првите две биле Церо и Централна Хавана.

Ел Глорија, плоштадот на револуцијата
Во оваа општина има многу гостопримливи жители. Глорија е една од најдобрите области во Хавана, иако никоја не може да се каже дека е помалку добра. Цените се пониски од другите општини, иако услугите секаде се скоро исти.
havana5

Мирамар
Мирамар е најновиот дел на Хавана. Петтата авенија (Мирамар) е едно од најлуксузните соседства со најскапи цени за хотелските соби. Тука, повеќето богати луѓе од Куба ги градат своите резиденции уште од 1959 година. Денес, тука има многу хотели и амбасади. Во сезоните ова подрачје е најскапо, а во нормални денови цените се слични со тие од другите општини.

havana6Санта Фе
Санта Фе е мала општина на рибарите, пријатно пристаниште во кое најчесто има натпреварувања во рибарење и едрење, со што им се нуди дополнителна забава на туристите.
havana3
 

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.