|
ТОП ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА 2010 |
|
Среда, 03 Февруари 2010 13:37 |
|
Американската туристичка компанија Gate1 Травел подготви листа на можните 10 Најомилени туристички дестинации за 2010 година:
1. Италија Од ридовите на Тоскана до урнатините на Рим, Италија е позната со својата неспоредлива убавина, храна и прехранбени производи. За повеќето гости во Италија главната атракција е богатата нејзина историја.
2. Египет Египет е високото скалило во класификациите на земји кои нудат интерес и фасцинантен одмор. И покрај високите температури во текот на целата година, туристите се чини дека никогаш не се наситуваат на многуте лица на Египет. 3. Грција Грција е силно посакувана дестинација, каде се комбинираат убавината, културата и историјата. 4. Турција Слично на Египет е и туристичкиот сектор во Турција којшто расте благодарение на поволните понуди во текот на годините. 5. Перу Земјата каде што се наоѓаат Мачу Пикчу, во изминатите години се претвори во туристичка дестинација која што е посетена од многумина туристи.
6. Оберамергау, Германија Оберамергау е мало градче во Баварските Алпи. Градчето сепак привлекува близу еден милион луѓе на секои 10 години, а прочуената претстава, во која локалните жители ги опишуваат последните денови од животот на Исус Христос ја извршуваат од 1634 година. 7. Израел - Западниот брег на реката Јордан Во срцето на Блискиот исток, исполнети со историска и религиозна важност, Израел и Западниот брег кој го контролираат палестинците се место каде што се среќаваат три религии - јудејство, христијанство и ислам. 8. Кина Со брзо растечката инфраструктури и економија, Кина комбинира со модерна префинетост и богата традиција. 9. Индија Со население од над 1 милијарда жители, Индија е една од најразновидните држави во светот.

10. Костарика Од вулкани и водопади до луѓе од дивиот свет, Костарика брзо ја доби славата од многумина за дестинација на екотуризам.
|