maxi-d---logo
radiofb
57°
14°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
МАЧУ ПИКЧУ-Невидлив,а моќен град тврдина
Понеделник, 18 Јануари 2010 11:55

gmf-machu-Изграден на гранитниот масив, во срцето на ланецот на Андите и на 130км од Куско, Мачу Пикчу е извонреден пример за умешноста на Инките како градители.

Мачу Пикчу (Machu Picchu) како да лебди помеѓу небото и земјата, 600м над реката Рио Урубамба, над андските висорамнини и прашуми на Амазонија. Она што сите го помнат за Мачу Пикчу е неговата извонредна положба, што е голема неправда кон градот кој е многу повеќе од само панорамско одморалиште. Се наоѓа во една од највеличенствените и најдивите области на Андите, на висина од 2000 метри над гранитниот врв опкружен со долина длабока 500 метри. Тоа е место кое може да се види, сонува и сака, но не и да се опише - освен со вообичаената изрека: "Преубаво за да биде вистинито". Мачу Пикчу е толку осамен што за него не се знаело цели четири века. Градот не бил внесен ниту во една домашна мапа, не можел да се најде ниту на една географска карта и никој не го спомнувал. Откриен е во 1911 година.
Сепак Мачу Пикчу, засолниште, тврдина и светилиште не бил далеку од Куско, големото средиште на царството од кое владеел Инка, Синот на Сонцето и господарот на "четирите страни на светот". Мачу Пикчу бил еден од многубројните градови - тврдини. Ниедна не била толку значајна како Куско за сместување на војниците-колони, кои во придружба на своите семејства ги оплеменувале полињата, граделе мостови, ги одржувале патиштата, истовремено чувајќи ги границите и најважните центри на државата. Градовите можеле да се бранат, да пружат заштита на жителите и успешно да издржат подолга опсада благодарение на својата положба и непроодните патишта, скалестото обработено земјиште и производите кои се сместувале во еден вид силоси, како и сопствените резерви со вода. Тоа биле добро познати градови. Освен Мачу Пикчу!

Светот на Инките
Тајната на Мачу Пикчу се совпаѓа со тајната за исчезнатите девици на Сонцето. Превезот на заборавот е тргнат дури во 1911 година. На 24 јули 1911. година професорот Хирам Бингам, водач на една експедиција на универзитетот Јеил случајно ја открил тврдината на Инките додека трагал по остатоците на престолнината на Инките. Градот кој го открил Бингам бил во зачувана состојба, а подоцна е реставриран и уреден, и со време станал едно од туристичките места во Латинска Америка.
Во време на шпанското освојување двете најголеми градби на Куско биле големиот Храм на Сонцето, најголемото светилиште на царството, и Манастирот на Девицата на Сонцето. Девиците кои биле тука чувани биле весталки на перуанските Инки и најсветите личности по царот. Нивната должност не била тешка. Подготвувале храна, пијалаци и облека за богот Сонце. Ги сметале за негови земјени невести и имале висока положба во општеството. Нивниот избор го вршел самиот царски совет според строгите мерила на потеклото и убавината. По изборот девојката поминувала 3 години период на искушение пред да стане весталка. Меѓутоа 100 девици успеале да побегнат во планината. За нив ништо не се знаело се додека еден Американец не се упатил на Мачу Пикчу. Тој ги пронашол подземните гробници кои ги чувале скелетите на исчезнатите девојки.

Како Мачу Пикчу изгледа денес?
За да се стигне до него треба да се тргне по патеката која води до врвот на планината. Од глетката ќе ви застане здивот. Околината типична за џунгла. На врвот на планината се наоѓаат остатоците од старите градби. Меѓутоа за да се стигне до нив треба да се искачите по стрмните скалила. Иако денес може низ ѕидините да се влезе од повеќе места, некогаш во овој град тврдина можело да се влезе низ само една капија зад која се наоѓале скали. На самиот врв се излегува на Интихуатана и Светиот плоштад. "Инти" на кечуа јазикот, јазикот на царството на Инките, значи сонце, а "хуатана" врзан. Значи, Интихуатана значи "место на кое е врзано сонцето", место, опремено го огромен сончев часовник.
Секако тоа не е единствено значајно архитектонско дело. На плоштадот се наоѓа и Храмот на Сонцето. Тоа е триаголна градба без покрив (направена од огромни блокови од кои некои се широки 4 ипол а високи два ипол метри). Внатрешното уредување е уште поимпозантно.

machu_picchu7

Повеќе од 200 градби се поделени во две архитектонски целини, од двете страни на централниот плоштад: во горниот град Ханан, каде најверојатно живеел управувачкиот слој и долниот град Хурина каде живееле занаетчиите и народот. Овој планински врв со терасести градби од три страни е опкружен со амбиси длабоки 700м, низ кои протекува реката Урубамба. Четвртата страна ја затвора планински гребен кој не дозволува приод.
machu_picchu8Гледан оддалеку од другиот планински венец, Мачу Пикчу делува како огромни скалила. Инките копале тераси во стрмните и нерамни падини на гребенот. Куќите денес немаат покриви. Во нивните камени ѕидови се наоѓаат отвори во облик на трапез. Овој облик бил карактеристичен за Инките и го имаат сите отвори - вратите, прозорците или нишите.
Понорите, џунглата и суровите планини го направиле овој град да изгледа невидлив. Невидлив, но моќен! Огромниот куп урнатини тера на размислување за убавината на нивниорт стил, пригушената едноставност, и скромните архитектонски замисли кои се совршено остварени. Киклопските ѕидови изведени се со меѓусебно вклопување на камените блокови. Ниедна цивилизација на светот не знаела на толку префинет начин да ги поврзува камените блокови како перуанската. Мачу Пикчу е преубав споменик за народот кој го создал и цивилизацијата која достигнала високо ниво. Тој е и приказна за неверојатните Европејци кои со невидена самодоверба, не двоумејќи се, со помош на малубројни стари војнички пушки и 16 коњи го урнале најголемото царство на Новиот свет.
img-machu-picchu-view-06-l

 

 

 

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.