maxi-d---logo
radiofb
57°
14°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
РИО ДЕ ЖАНЕИРО
Сабота, 16 Јануари 2010 13:28

rio-de-janeiroРио де Жанеиро се наоѓа во истоимената држава и е нејзин главен град. Рио е вториот по големина град во Бразил, чие име на португалски јазик значи Јануарска река. Тој бил главен град и на Бразил скоро два века, од 1763 до 1822-та година додека бил португалска колонија и од 1822 до 1960-та година, кога станал независна држава. Општо познат само како Рио, овој град исто така се нарекува и "AcidadeMaravilhosa" т.е. "Волшебниот град".
Големата моќ на заведување на Рио може да ве остави во длабока тага кога би го посетиле и би заминале од таму. Засаден помеѓу бујни шуми, планини и прекрасни плажи, овој град е доста привлечен, а за тоа посебно придонесуваат Кариоките, неговите весели жители. Иако толку современ и доста посетен, Рио има што да понуди за секој гостин. Има и ефтини хотели и ресторани, а плажата му е бесплатна зона за забава.
Со мешавината од историски градби и нови облакодери, неговиот центар е извонредно место за откривање на градскиот шарм, далеку од неговите плажи и планини. Помеѓу секојдневниот забрзан и гласен тек на животот ќе најдете доста музеи, барови, театри и отворени пазари. Во Рио де Жанеиро се наоѓа и Маракана, легендарниот фудбалски стадион, кој ги воодушевува дури и тие кои не го обожаваат фудбалот.

marakana


Рио има неколку зони на кои е поделен, а тоа се Историскиот центар, Јужната, Северна и Западна зона. Јужната зона се состои од неколку квартови, меѓу кои се Сао Конрадо, Леблон, Ипанема, Апоадор, Копакабана и Леме, кои заедно претставуваат најпозната островска линија во Рио. Квартот Копакабана освен покрај плажата е познат и по најспектакуларниот дочек на Новата Година со прекрасен огномет, кој е проследен од повеќе од 2 милиони луѓе, повеќето облечени во бело, застанати во песокот и водата.

rio_karneval_egipetska_maskaУлиците на Рио подивуваат кога ги напаѓа познатиот Карневал, кој трае скоро две недели. Секоја година, слободните странци се нафрлаат на овој град во тој период за да се забавуваат, да ги гледаат прекрасните претстави и паради на Кариоките и да уживаат во сонцето.
Градот кој му ја приредува најголемата забава на светот, не преминува во хибернација после карневалот. Рио има разновиден ноќен живот и во останатите денови од годината. Често приредува големи концерти во живо, уметнички приредби, отворени барови, самба клубови и возбудливи дискотеки. Покрај карневалот, поголеми случувања се и двата фестивали со голема важност во целата земја. "TheFestatJuninas"е фолклорниот фестивал, кој се одржува во Јуни низ плоштадите на Рио. Покрај него, другиот најважен фестивал е религискиот "Festa da Penha", кој се одржува секоја Недела од месец Октомври.

karneval

Освен своите убавини, овој град нуди можност и за различна релаксација, дружење и спортување. По брегот на Рио можете да пешачите, џогирате, да возите точак или да сурфате. Планините имаат посебна привлечност. Нудат едрење во воздух од нив или искачување по нивните убавини. Разгледувањето со хеликоптер е задолжителна атракција која не смее да се пропушти во Рио. Така се добива можност да се лета околу познатата статуа на Исус, над врвот Шеќерна Глава, плажите и над целиот град, што претставува восхитувачка глетка.
"CristoRedentor" или статуата Исус Спасителот е една од седумте светски чуда. Висок е 38 метри и тежи 635 тони, а се наоѓа на планината Корковадо, западно од Рио. Корковадо е висока 710 метри и се наоѓа во шумата Тијуца која воедно претставува и национален парк, но и најголема урбанизирана шума на светот. Покрај тоа што статуата на Исус е симбол на Христијанството, еднакво е и симбол на цел Бразил.
Првичната идеја за религиски споменик во земјата на Кариоките датира уште од средината на 19-от век, но била реализирана подоцна, кога една група од луѓе во 1921-та година организирала акција "Недела на споменикот", во која ги собрале основните финансиски средства кои биле потребни за изградба на споменикот. Од неколкуте предлози, помеѓу кои биле и Исус со крст или глобус во рацете, избран е само Исус со раширени раце. Дизајнер на ова уметничко дело е Хектор да Силва Коста, а во реалност го претворил Пол Ландовски. Изградбата траела цело девет години од 1922 до 1931-та, најмногу поради големата цена на градбата, дури 250 илјади долари. Свеченото отворање се случило на 12 Октомври 1931 година. Денес, оваа статуа постојано се посетува од голем број на туристи. Од нејзината "тераса" се гледа скоро целиот град, врвот Шеќерна Глава, опеаните плажи Ипанема и Копакабана, како и стадионот Маракана. До неа најдобро е да се оди кога времето е сончево, затоа што во спротивно може да се најде на облаци на врвот од кои нема да може да се види ништо. Посебна убавина нудат ноќните разгледувања со импресивното осветлување, поради кое од далеку кипот изгледа како да лебди во воздух.

rio

На 75 годишнината од отворањето, надбискупот на Рио осветил капела во подножјето на статуата, во која собира 150 луѓе. Од тогаш, во неа на Католиците им се овозможени крштевки и венчавки.
rio-de-janeiro

 

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.