Warning: array_slice() expects parameter 1 to be array, null given in /home/content/n/m/i/nmileski/html/radioohrid/modules/mod_rokweather/tmpl/default.php on line 55
Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/content/n/m/i/nmileski/html/radioohrid/modules/mod_rokweather/tmpl/default.php on line 58
| ДАБЛИН |
Главниот град на Ирска, кој е стар околу 1.000 години, се наоѓа на Ирското источно крајбрежје. Со неговите безбројни сценски места и опуштена и пријателска атмосфера, навистина е град кој денес многумина го сакаат и го посетуваат.До средината на 17-от век, Даблин останал мал и соѕидан средновековен град. На крајот на 17-от век, започнал забележителниот пораст на Протестантските бегалци од европскиот континент кон Даблин. Поради тоа, градот веќе наредниот век бил масовно населен и збогатен, па наскоро станал втор најголем град во британската империја. Овој напредок го направил Даблин возбудлив град за Протестантската власт, членовите на Англо-Ирската аристократија кои ги демантирале основните права на Римокатоличките староседелци. Многу години бил сцена на неколку од најжестоките борби од ирското востание, кое резултирало со утврдување на Ирска, како слободна држава. После тешко здобиената независност во 1922-година, Даблин пораснал во политички, економски и културен центар на Ирска. Поморската трговија отсекогаш била една од неговите најважни дејности. Овој град е најголемото ирско пристаниште и главен извозник. Исто така, се развил во најголем град производител во Ирска и преку фабриките, пиварите и производството на алкохол. Даблин изобилува со значајни и импресивни места за посета. Еве некои од нив: Паркот "Феникс" кој се наоѓа на 3км западно од центарот на градот, на површина од околу 800 хектари. Познат е како вториот најголем затворен парк во светот, после Јелоустоун во САД. "Царината" е една од најубавите градби во Даблин. Била дизајнирана од Џејмс Гандон и изградена помеѓу 1781-91-та година. Била направена за да може од секој нејзин агол да се гледа целата околина и е богата со структурни детали. На неа има 14 камен-темели, кои ги претставуваат 13-те Ирски реки и Атлантскиот океан. "Замокот Даблин" е изграден од кралот Џон, како тврдина за администрацијата и за одбрана на Даблин. Бил центар на британската власт до 1922-та година, кога бил повторно вратен на ирската слободна држава. Оригиналната градба била изградена помеѓу 1204-1268 година, на високо земјиште во градот. помеѓу реките Лифеј и Подл и бил опкружен со високи ѕидови и ендек. После пожарот во 1684-та година, замокот бил богато обновен, а на него бил оставен многу мал дел од средновековната структура."Христијанската Соборна Црква" е изградена од Англо-Норманите во 1234-та година. Оваа градба била обновена најдоцна, во 1870-та година, а порано како главна црква на Англиското царство во Ирска, била важна градба во градот, во која бил крунисан кралот Едвард ВИ. Мостот "Половина пени" е исто така еден од симболите на Даблин. Тој е убав и стар пешачки мост, изграден во 18-от век, кој се протега преку реката Лифеј. Иако името на мостот е променето неколку пати, ова секогаш било неговото име кое му било дадено од локалните жители кои подоцна го официјализирале. Идејата за името доаѓа од тоа што некогаш требало да се плати половина пени (англиски монети), за да се помине мостот. "Зеленилото на Св. Стефан" е прекрасниот парк кој се наоѓа во центарот на градот. Опкружен е со плоштадот Св. Стефан, кој е плоштад на старите грузиски куѓи кои гледаат кон паркот. Некогаш бил и сеуште е главен парк во градот, во кого илјадници луѓе доаѓаат секојдневно, да уживаат и да се одмараат. Колеџот "Тринити" е првиот признат универзитет во Ирска, кој и денес е главен во целата држава, а своевремено е моделиран според универзитетот Кембриџ. Тој може да се разгледа од надвор, а може и да се посети внатре, во било кое време, иако влегувањето и гледањето на "книгата на Келтите" е дозволено само во одредени времиња. Даблиновата купола или "Шилец" како што е повеќе познат, е најновиот додаток на хоризонтот на Даблин. Започнал да се гради за да го означи прославувањето на новиот милениум, но бил завршен дури во 2003-та година. Стои на старото место на "столбот на Нелсон", кој бил славно соборен од ИРА. Куполата е висока 120м и е најголемата скулптура на светот. Стовариштето "Гинис" е Ирската број еден атракција. Во него, секој може да дознае што сака за светски познатото пиво Гинис. Тоа е драматична приказна која започнува пред 250 години и завршува во "Гравити", небескиот бар, со бесплатна пинта од Гинис и неверојатниот поглед врз Даблин. |














Главниот град на Ирска, кој е стар околу 1.000 години, се наоѓа на Ирското источно крајбрежје. Со неговите безбројни сценски места и опуштена и пријателска атмосфера, навистина е град кој денес многумина го сакаат и го посетуваат.
"Замокот Даблин" е изграден од кралот Џон, како тврдина за администрацијата и за одбрана на Даблин. Бил центар на британската власт до 1922-та година, кога бил повторно вратен на ирската слободна држава. Оригиналната градба била изградена помеѓу 1204-1268 година, на високо земјиште во градот. помеѓу реките Лифеј и Подл и бил опкружен со високи ѕидови и ендек. После пожарот во 1684-та година, замокот бил богато обновен, а на него бил оставен многу мал дел од средновековната структура.