Најнови вести
Ќе се одржи јубилејниот Атлетски маратон
Запленети 8 кг марихуана во Охрид
Македонија и Европа се соочуваат со енергетска зависност
Подигнување на старосната граница за курсеви за подофицери
Достојно одбележана годишнината од бродската несреќа
Продолжение на 21-та седница на Советот
Баукот Биро Веритас конечно разрешен
Исчезнуваат лебедите од Охридското езеро
Слушајте во: 10:00, 11:55, 14:30 и 16:30 ч.
Берза
| СЕЛО КОЛЕШИНО И КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД |
| Петок, 29 Јануари 2010 10:29 |
Селото Колешино се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 270 метри. Постојат две легенди околу името на селото. Едната е дека името го добило по битката на Беласица од 1014 година помеѓу војските на Цар Самуил и византискиот император Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е дека името е добиено по овчарот Коле, кој прв се доселил на местото каде денес се наоѓа селото. Имено, луѓето кога поминувале покрај бачилото на Коле викале: „Ова е Колешино“ (бачилото на Коле). Селото е познато по својот живописен Колешински Водопад, ![]() Колешинскиот водопад е лоциран во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м. Се вбројува во еден од највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив. Со покачувањето на температурите расте и бројот на гостите кои секојдневно доаѓаат овде. Во просек колешинските водопади дневно ги посетуваат помеѓу 400 и 500 туристи, а за време на викендите ова бројка е двојно поголема.
|




















Селото Колешино се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 270 метри. 
