maxi-d---logo
radiofb
66°
19°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
СМОЛАРСКИ ВОДОПАДИ
Понеделник, 25 Јануари 2010 11:24

smolarewat01Се наоѓа над селото Смоларе на надморска височина од 630 метри, сместен длабоко во планината Беласица од кај што извира реката Ломница сокриена меѓу столетните букови дрвја. Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.
Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но оваа село има посебно богатство скриено во планината, Смоларски Водопад.

За да дојдете до водопадот, треба да патувате по тесен, кривулест пат и да ја намалите брзината бидејќи тракторите и запрежните возила се карактеристични за оваа област. Овде главното занимање е земјоделството. На патот кон водопадот ќе наидете на мал пазар од каде можете да купите локални производи. Овој пазар беше отворен во Јануари 2007 година каде локалното население е секогаш таму да ви понудат локални пиперки, јаболка, краставици и уште многу вкусни и здрави производи. По краткиот разговор на пазарот продолжувате со искачување до водопадот. Долж планинската патека триста скалила ве очекуваат но свежото овошје во вашиот стомак и убавата природа која ве опколува ќе ве понесе до вашата дестинација.
strumica_waterf
Наеднаш ќе го видете Смоларскиот водопад како паѓа по мазна карпа. Водата која е бела од брзината на паѓање е во контраст со мазната црна површина на планината Беласица. Смоларскиот водопад е највисокиот водопад во Македонија, паѓа од 39,5 метри височина. Водопадот е дел од реката Ломница која е притока на реката Струмица од која се наводнува долината. Од врвот на водопадот водата паѓа во базен на дното при што ослободува освежителна пареа која доаѓа до платформата за набљудување. Додека стоите на платформата ќе сретнете многу други посетители од локалните населби но и од соседните земји. Сите вие сте опфатени со убавината која го одзема здивот.

На враќање назад можете да застанете да одморите или да каснете нешто долж патеката и едноставно да уживате во прекрасната шума околу вас. Ве очекува уште едно застанување враќајки се назад на пазарчето за да купите домашно изработени слатка и свеж мед како и прекрасни сувенири но и да се поздравите со новите пријатели.

smolarewat01

 

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.