maxi-d---logo
radiofb
73°
23°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
Манастир Воведение на Пресвета Богородица Елеуса
Среда, 10 Февруари 2010 11:23
eleusaМанастирот Св. Богородица - Вељуса е изграден во средниот век, во византискиот период, на оддалеченост од 7 км западно од Струмица во с. Вељуса се наоѓа манастирската црква Света Богородица Милостива (Елеуса), посветена на празникот Воведение на Пресвета Богородица (21 ноември стар и 4 декември нов стил). Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир (присутни во Светогорскиот манастир Ивирон) оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја не само во југоисточниот дел на Македонија, туку пошироко на Балканот.
vidik
Поглед од манастирот

Манастирот Елеуса е изграден во 11-от век. Во 1080 година е завршена градбата на манастирската црква, градена во стар стил со камен и тула. Значајно да се спомене е дека оваа црква е единствената која воопшто не е уривана. Оваа црква на времето била фрескописана во 11-от век, 12-от и 14-от век, но фреските се многу малку зачувани. Последен слој на фреските е од 19 от век. Фреските постоеле до почетокот на Првата Балканска војна. Во 1913 година грците ја запалиле црквата од внатрешна страна и тогаш изгореле речиси сите фрески што постоеле. Денес се зачувани мал дел фрески од 11-от и од 12-от век. Основач на манастирот, како машки манастир е епископ Мануил, кој има потекло од Мала Азија од гората на Свети Аксентиј, каде што тој живеел како монах многу години. Во неговите поодминати години бил назначен за епископ на Тивериполис (Струмица). За него се вели дека е по потекло до богато семејство и дека имал големо наследство, а тој сиот свој имот го вложил во подигањето на манастирскиот комплекс. Во тоа време во манастирот се занимавале со преведувачка и препишувачка дејност а исто така имале познавање од уметноста, така што голем дел иноки се фрескописани од самите монаси. Монашкиот живот продолжил во континуитет а за прв пат бил прекинат околу 1945 година, а манастирот извесно време бил како скривница на партизаните. Во втората половина на 20 от век е под заштита на Заводот за заштита на споменици, кога започнале археолошки истражувања. Направени се реконструкции на подниот моазик и на иконостасот. Од 11-от век се сочувани столбовите и горната греда, два три капители и едно малечко парче кое е вградено во долната плоча од олтарната преграда. Во 1995 година, монашкиот живот во манастирот повторно се возобновува и повторно започнува како машки манастир, за една година подоцна да стане женски манастир. Од тогаш наваму, се служи литургија секој ден. Доаѓаат свештениците од струмичко и имаат по една недела дежурство. Епископот Мануил, манастирот го посветил на Воведение на Пресвета Богородица. Откако луѓето почнале да слават слави, селото ја земало славата на Пресвета Богородица на 21 ви септември, во овој манастир го славеле празникот до ден денес. Имено на тој ден манастирот е најпосетен. Во манастирот во минатото постоела камбанарија, но сега е изградена нова.
saat
Во дворното место на манастирот се наоѓаат откопини од Манастирската бања, која што е подигната кон крајот на 10 от век и припаѓа на источната водочка црква. Градбата поседувала приземје вкопано в земја и кат над него. Во приземјето биле сместени ѕидното огниште и инсталацијата за затоплување, а капењето се одвивало во просториите на катот. Во просторијата 1, која што била користена како соблекувална, но и како соба за капење со ладна вода. Просторијата 2 служела само за капење со топла вода а просторијата 3 била сауна. Доводот за вода во бањата е целосно уништен, меѓутоа е сочуван само каналот за одвод на нечистата вода во реката Водочица. Бањата настрадала заедно со источната водочка црква. Соблекувалната била напуштена а просториите 2 и 3 биле преуредени во работилници за стакло. Божјиот храм Вељуса е конзервиран и реставриран во периодот од 1975 до 1985 година со заеднички напори на македонскиот Републички завод и општинскиот одбор за заштита на спомениците на културата Струмица.

Од животот во манастирот
Како и пред илјада години, со доаѓањето на преподобниот Мануил од светата гора Авксентиј, во новиот бран на возобновување на монаштвото во Македонија Велјушкиот манастир повторно стана монашки расадник. Сѐ започна со доаѓањето на монахот Наум од манастирот Григоријат на Света Гора, и неговата хиротонија за Струмички митрополит во 1995 година. До 1996 година тој живееше со своето монашко братство во овој манастир, за во 1996 да се пресели во Водочкиот манастир, а Велјушкиот стана женски манастир. Од првата генерација монаси и монахињи замонашени во него возобновени се десетина манастири надвор од Струмичката епархија, и пет манастири во самата епархија.

konakДенес Велјушкото семејство го сочинуваат 10 монахињи, од различни националности (со македонско, романско, хрватско, руско, српско потекло). Востановениот типик е општежителен, со акцент на практикувањето на Исусовата молитва. Денот започнува пред мугрите, кога сестринството го зема првиот благослов од старешината на манастирот сестра Сара, собирајќи се на заеднички краток синаксис, на којшто со читање поуки за молитвата се подготвуваат за келијното молитвено тихување до Литургијата. Посетителите и гостите во манастирот имаат контакт само со сестрата гостоприемник, додека останатите сестри за време на своите послушанија го негуваат молчанието и постојаното кажување на Исусовата молитва.

Манастирот разви самостојна издавачка дејност: од 1996 година досега се објавени околу дваесетина наслови - преводи од светоотечката литература, поуки на современите Старци, итн. како и едно музичко ЦД со Златоустовата Литургија. Сестринството се грижи и за уредувањето на официјалниот сајт на Македонската Православна Црква. Во шивачката работилница на манастирот се изработуваат уникатни одежди, со особено внимание рачно украсени. Од монашките ракоделија застапен е везот на прекривки за светите садови, делови од одежди, монашки схими и разделници за книги, плетењето бројаници и крстови, каширање икони. Монашката трпезарија, библиотеката и параклисот на Св. апостол Павле и Св. Григориј Палама во монашкиот конак, во 2002 година се фрескописани од сестрите од иконописното ателје на овој манастир. Уредувањето и грижата за манастирскиот двор е исто така едно од послушанијата на монахињите.
Во обидот да се сочува молитвениот мир, монашкиот дел не е пристапен за посетителите, коишто срдечно и со евангелско гостољубие се дочекани во гостинскиот дел. Тука тие можат да се запознаат со историјата и со животот на манастирот, да ги разгледаат манастирските ракоделија, да земат учество во Литургијата, да побараат молитвена поддршка за себе, за своите блиски, живи и упокоени. Со себе да понесат дел од мирот и благословот на овој историски и духовно значаен, свет манастир.
eleusa


 

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.