Најнови вести
Продолжение на 21-та седница на Советот
Баукот Биро Веритас конечно разрешен
Исчезнуваат лебедите од Охридското езеро
Едукативна програма за развивање на способностите на децата
Ќе се рушат градбите кои се опасни за околината
Запознавање на патот од домот до училиштето - проект на СВР Охрид
Забрана за капење на домашните миленици на охридските плажи
Ревија филмски хитови пред охридската публика
Слушајте во: 10:00, 11:55, 14:30 и 16:30 ч.
Берза
| Манастир Св.Леонтиј-Водоча |
| Понеделник, 08 Февруари 2010 10:32 |
Комплексот цркви Св. Леонтиј се наоѓа во село Водоча на оддалеченост од 4 км. од Струмица. На локалитетот се сочувани три цркви (источна, западна и средна) со три фази на живописување во ентериерите, архитектонски остатоци, придружни објекти и манастирски комплекс, трпезарија, стопански објекти, две бањи и повеќеслојна христијанска некропола. Од 7 век до 9 век. Подоцна е подигната источната, трикорабна куполна црква, која била епископска. Оваа црква била оштетена во Самуиловиот период, а подоцна е повторно обновена. Како епископска се споменува во 1018 година во повелбите на Василиј II, по пропаста на Самуиловата држава. Денес од неа се зачувани олтарната апсида, проскомидијата и ѓакониконот. Првобитниот иконостас бил мермерен, а подот од мермерни плочи. Рушењето на оваа црква е поврзано со пропаста на Самуиловата држава и паѓањето на Струмица под византиска власт 1018 година.![]() Внатрешноста на манастирот Со археолошките истражувања се откриени преку 1000 гробови со прилози: накит и керамика кои се датирани од XIV - XIX век. Живописувањето на ентериерот на водочкиот комплекс цркви се одвивал во три временски периоди во X, XI и XII век. Иако сочуван фрагментарно поседува високи ликовни квалитети, а во сликарскиот израз се присутни влијанија од античката ликовна традиција и отпори кон влијанија од современите византиски стилско ликовни струења од Цариград и Солун и желба за раскинување со византиските сликарски принципи. Античкото сликарско влијание е застапено во еден мал фрагмент од половичен неиндитификуван лик од светител од X век, кој припаѓал на најстарата источна црква за чијашто моделација на инкарнатот се користени широки намази на пигментите и акцентирање на експресија на очите и драматизмот. Во оштетениот фреско-живопис во западната водочка црква посветена на Богородица Елеуса и Воведение присутни се нови идни настојувања на балканската византиска уметност. Особени белези на сликарството во оваа црква ги карактеризираат издолженоста на телата, и цврстата моделација на главите на Светителите. Фрагментираните сцени се со претстава од животот и детството на Пресвета Богородица, циклусот на црковни празници и претставата на фигурите на Светителите во цел раст на Св. Исавриос и Св. Евплос се насликани во периодот од 1018 и 1037 год, се вбројуваат меѓу ремек делата на средновековната уметност не само во Македонија, туку и во византиското сликарство воопшто. Во стилско-ликовен поглед оваа сликарство е блиско на сликарството остварено во црквата Света Софија во Охрид, и со сликарството во црквите Свети Лука во Фокида и во Неа Мони на Хиос. Од фреско-живописот од средната водочка црква посветена на Св. Леонтиј која е насликана во првата половина на 12 век се сочувани претстави на шест Архиереи, сцени со претстава на Св. Севастиски маченици. |




















Комплексот цркви Св. Леонтиј се наоѓа во село Водоча на оддалеченост од 4 км. од Струмица. На локалитетот се сочувани три цркви (источна, западна и средна) со три фази на живописување во ентериерите, архитектонски остатоци, придружни објекти и манастирски комплекс, трпезарија, стопански објекти, две бањи и повеќеслојна христијанска некропола. Од 7 век до 9 век. Подоцна е подигната источната, трикорабна куполна црква, која била епископска. Оваа црква била оштетена во Самуиловиот период, а подоцна е повторно обновена. Како епископска се споменува во 1018 година во повелбите на Василиј II, по пропаста на Самуиловата држава. Денес од неа се зачувани олтарната апсида, проскомидијата и ѓакониконот. Првобитниот иконостас бил мермерен, а подот од мермерни плочи. Рушењето на оваа црква е поврзано со пропаста на Самуиловата држава и паѓањето на Струмица под византиска власт 1018 година.
Во оштетениот фреско-живопис во западната водочка црква посветена на Богородица Елеуса и Воведение присутни се нови идни настојувања на балканската византиска уметност. Особени белези на сликарството во оваа црква ги карактеризираат издолженоста на телата, и цврстата моделација на главите на Светителите. Фрагментираните сцени се со претстава од животот и детството на Пресвета Богородица, циклусот на црковни празници и претставата на фигурите на Светителите во цел раст на Св. Исавриос и Св. Евплос се насликани во периодот од 1018 и 1037 год, се вбројуваат меѓу ремек делата на средновековната уметност не само во Македонија, туку и во византиското сликарство воопшто. Во стилско-ликовен поглед оваа сликарство е блиско на сликарството остварено во црквата Света Софија во Охрид, и со сликарството во црквите Свети Лука во Фокида и во Неа Мони на Хиос. Од фреско-живописот од средната водочка црква посветена на Св. Леонтиј која е насликана во првата половина на 12 век се сочувани претстави на шест Архиереи, сцени со претстава на Св. Севастиски маченици.