maxi-d---logo
radiofb
73°
23°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
Национален парк "Галичица"
Понеделник, 14 Декември 2009 13:37
Националниот парк Галичица зафаќа дел од истоимената планина во крајниот југозападен дел на Република Македонија, по што го добил и своето име. Се протега на површина од 22.750 ха. За заштитен простор е прогласен во 1958 год. И покрај тоа што се наоѓа во периферниот дел од земјата, има прилично добра туристичко-географска положба. Најатрактивен е патот кој врви низ самата планина и ги поврзува охридското и преспанското туристичко подрачје. На подрачјето на паркот има 4 карстни полиња и тоа: Суво Поле, Асанура, Џафа и Врдуло. Најголемо од нив е Суво Поле. Долго е 4.2 километри, а широко е 1 километар. Националниот парк Галичица се одликува со мошне богат и разновиден растителен свет - некаде преку 1000 видови, меѓу кои голем број се реликти и ендеми. Единаесет од нив можат да се сретнат само на оваа планина. Инаку, во останатиот растителен свет се вбројуваат: дивиот костен, грчката елка, дивата леска, питомата и дивата фоја, тисата, шимширот, буката и дабот.
Lynx lynx martinoi или балкански рис е автохтон  вид од кој во Македонија е застапен со  околу 30-35 единки. Заради оваа мала бројка и најразновидните закани на кои е изложена популацијата на рисот, кои во најголем број произлегуваат од активностите на човекот,  од Јули 2006 година, Македонското еколошко друштво (МЕД) започна со спроведувае на проект за заштита на а популација на балканскиот рис во Македонија со наслов " Програма за закрепнување на балканскиот рис".

Зонирањето е извршено врз основа на анализата на постојната состојба со отценка на вредностите и значењето на природната средина водејки сметка за целите кои треба да се постигнат, а кои се предвидени со законот за заштита на националните паркови. Притоа респектирани се две основни специфики:

-     масивот на Галичица има големо скоро пресудно влијание на целиот екосистем на Охридско-Преспанскиот базен и

-     најзначајните вредности и појави мозаично се распоредени низ целиот национален парк

Во опфатот на НПГ дефинирани се следниве зони:

СТРОГО ЗАШТИТЕНИ
Во групата строго заштитени делови на паркот вклучени се предели и биотопи кои имаат универзално или национално значење односно се одликуваат со автентичност и природна состојба на растителните и животинските...

ТУРИСТИЧКО РЕКРЕАТОВНА ЗОНА   (2310   ха)
Оваа зона поделена е на две под зони и тоа зона за летен туризам и рекреација  и зона за зимски туризам. Зоната за летен туризам на Охридската страна започнува од месноста Беј Бунар и ја зафаќа површината помеѓу брегот на Охридското езеро и трасата на ново проектираниот пат Охрид Св.Наум.

На Преспанското езеро зоната започнува од населбата Сир Хан и се наоѓа помеѓу брегот и работ на шумата се до границата со Република Албанија. Од овие зони иземени  се само карпите и клифовите кои се наоѓаат под режим на строга заштита.  Зоната за зимски туризам се наоѓа на билото на Галичица.

ЕКОНОМСКА ЗОНА   (18859   ха)
Оваа зона го опфаќа остатокот од националниот парк во кој претежно се опфатени шумите . Поради силното антропогено влијание врз шумите од оваа зона во минатото,  тие се наоѓале во многу лоша состојба. При прогласување на националниот парк степенот на деградација бил толку голем да некои од нив биле претворени во шибјаци и шикари.

Со посебни десетгодишни програми за унапредување на шумите континуирано се подобрува нивниот квалитет и се зголемува површината под шума. При тоа се води сметка да не се наруши видовиот состав и високиот биодиверзитет на националниот парк.
Оптимално остварување на функциите во паркот и истовремена заштита на природните вредности е можна преку утврдување на намената на пооделни подрачја, односно определување на зони на националниот парк.

потоа мечката, срната, дивата свиња, лисицата и волкот. Има и орли, еребици, камењарки и други видови птици.
Од природните убавини доминираат пештерите "Волја", "Самотска Дупка" и "Наумова пештера". Најдолга меѓу нив е пештерата Самотска Дупка. Се наоѓа во карстната долина Студино. Должината на каналот е 279 метри. Отсеците "Магаро", "Лако Сигној" и "Голем Врв", двете циркни езерца под врвот "Магаро", ендемичната фоја и др. го надополнуваат мозаикот на природните богатства во Националниот парк Галичица.
Од природните убавини доминираат пештерите "Волја", "Самотска Дупка" и "Наумова пештера". Најдолга меѓу нив е пештерата Самотска Дупка. Се наоѓа во карстната долина Студино. Должината на каналот е 279 метри. Отсеците "Магаро", "Лако Сигној" и "Голем Врв", двете циркни езерца под врвот "Магаро", ендемичната фоја и др. го надополнуваат мозаикот на природните богатства во Националниот парк Галичица.
Од културно-историските знаменитости кои во овој простор се концентрирани во мошне голем број, највредни за одбележување се манастирот Св. Наум, црквата Св. Богородица Захумска, пештерската црква Св. Стефан, островот Голем Град, кој бил седиште на македонскиот цар Самуил и др.

Низ Националниот парк изградени се современи асфалтни патишта во должина од 80 км кои водат долж крајбрежјата на езерата и низ централниот дел со кој се поврзуваат двете езера и кој се искачува на 1550 м надморска височина, од каде има можност истовремено да се гледаат двете езера. Управата на Националниот парк Галичица организира пешачки тури кои се единствен начин да се запознаете со оваа планинска убавица која го носи епитетот "Ботаничка градина на Балканската флора". Единствен начин да го запознаете животот на бачилата, неповторливо искуство за страсните параглајдери.
logo
clip_image001
clip_image001


 

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.