maxi-d---logo
radiofb
57°
14°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
Интернетот-кандидат за Нобелова награда за мир
Четврток, 04 Февруари 2010 08:44

internetРикардо Луна, директор на италијанското издание на познатото американско списание Wired, предложи интернетот да се кандидира за Нобелова награда за мир со образложение дека „Интернетот е роден заради мирот".
Потсетувајќи на она што се случи на неодамнешните избори во Иран и улогата на „мрежата" во ширењето и „ослободувањето" на „заробените" во цензурата, Луна исто така смета дека интернетот може да стане оружје на глобалната надеж за благовремено и вистинито информирање.

Адвокатката и писателка Ширин Ебади од Иран (добитничка на Нобелова награда за мир во 2003 г.), иако го потпиша манифестот за кандидатура на интернет за престижната награда, сепак нагласува дека интернетот може да биде употребен и во цел на воената пропаганда и терористичките напади, како што тоа веќе го прават Талибанците и другите терористички групи во намерата да привлечат поддржувачи. Таа напоменува дека не смее да се игнорира фактот што интернетот понекогаш се користи и како оружје да се прошири информацијата за тоа како се прават мали бомби.

Николас Негропонте, угледен професор и признат компјутерски стручњак, не се согласува со нобеловката. Иако тој признава дека мрежата е опасна, додава: „Точно е дека мрежата е конфузна, хаотична, и дека постојат многу нешта кои не сакаме да ги прочитаме или слушнеме, но тоа е богатство, а не недостаток. Интернетот е инструмент, како мобилните телефони кои терористите и бандите ги користат многу полесно. Меѓутоа, никој не вели дека мобилните се опасни и дека извршените разговори треба да бидат ограничени на некој начин", вели Негропонте.

Според него, ако веќе зборуваме за негативните аспекти на мрежата, најдобро е воопшто да не ја поседуваме. „Тоа е исто како кога се зборува за мрачната страна на издаваштвото, а истовремено се објавуваат книги и весници со страшни содржини. Или, ако треба да се откажеме од електронските пораки само затоа што ни стигнуваат несакани пораки", констатира професорот, нагласувајќи дека „признанието за мир е многу посоодветно за интернетот отколку за Обама".

Блиската иднина ќе покаже дали наведената аргументација ќе биде доволна да го убеди одборот во Осло. Доколку комитетот го усвои овој предлог, истиот несомнено ќе доведе до значаен преседан во историјата на оваа институција.

internet

 

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.