|
Моќта на човековите мисли |
|
Петок, 05 Март 2010 11:35 |
|
Човекот е тоа што тој го мисли. Потсвеста не е во состојба да се спротивставува, туку прифаќа се што ќе и упати свеста. Никогаш немојте да речете, „Немам пари за такво нешто“ дури и ако е тоа точно. Одберете подобра мисла, „Ќе го купам тој предмет. Во мислите веќе е мој.
Секој човек располага со можност да избира. Определете се за здравје и среќа. Можете да одберете љубезност или нељубезност кон ближните. Определете се за соработка, радост, љубезност и ќе ја забележите благопријатната реакција на сите околу вас. Тоа е најдобриот начин да се развие позитивна личност.
Свеста е „чувар на портата“ и нејзината основна задача е да го попречи навлегувањето на лажните впечатоци до потсвеста. Определете се за верување во можноста за позитивни настани. Човековата најголема моќ е способноста да избира. Одберете ги среќата и изобилието. Секој човек е капетан на својата душа (потсвеста) и господар на својата судбина. Немојте да заборавите дека имате моќ на избор. Одберете ги животот, љубовта, здравјето, среќата!

|