Најнови вести
Судот прифати нови сведоци за убиството на Новаковиќ
Зголемен интересот за огревно дрво во Охрид
Андон Дуков, Градиште и Љубаништа заработија пријави
Ќе се одржи јубилејниот Атлетски маратон
Запленети 8 кг марихуана во Охрид
Македонија и Европа се соочуваат со енергетска зависност
Подигнување на старосната граница за курсеви за подофицери
Слушајте во: 10:00, 11:55, 14:30 и 16:30 ч.
Берза
| Итна промена на некои мејкап-производи |
| Сабота, 27 Февруари 2010 13:41 |
Мејкап-производите како и сите други имаат свој рок на траење и постојат шанси онаа сенка која ентузијастички сте ја купиле пред неколку години да и поминал рокот.Скоро секоја жена во својот несесер има козметички производи кои повремено ги користи, односно никогаш не ги користи туку ги чува во случај да научи како да ги вклопи во дневниот ритуал на шминкање. Сунѓерот треба да го миете секоја недела и да го заменувате секој месец. Четките за шминкање треба да ги миете со антибактериски сапун и во топла вода секои два до три месеци. Коректорот има рок на траење до 12 месеци, а пудрата до две години. Геловите и пените за миење не користете ги подолго од една година. Лакот за нокти зависно од квалитетот и од тоа колку често го користите трае најмногу една година. Ако не ви е потребен моливот за усни, подобро не купувајте го и сочувајте ги парите за нешто поважно, како пудра или подлога за лице. Тие често се кршат, а во вашиот изглед не играат некоја важна улога. Моливот за очи од друга страна треба редовно да го острите, а трае до три години. Сенката има рок на траење до три години. Темната сенка може да врши улога на ајлајнер, што голем број на шминкери го практикуваат. За ова ќе ви биде потребен апликатор, кој ќе го наводените со вода, па потоа нанесете ја сенката. Поминете преку очните капаци во линија на раст на трепките, исто како со ајлајнерот. Некои експерти тврдат дека руменилото трае од една до две години, додека други четири години. Она околу што повеќето се согласуваат е дека доколку руменилото го промени мирисот, тоа дефинитивно е знак дека треба да го фрлите. Кај подлогата за лице треба да ги проверите состојките. Ако се базира на вода, рокот на траење е до 12 месеци, додека оние на база на масло траат до 18 месеци. Во текот на годините потребни ви се две различни нијанси на подлоги за лице, една која ќе ја користите преку лето кога лицето ќе ви потемне, а една за зима кога е светло. Доколку вашата подлога се исуши и пред рокот на траење едноставно додајте му неколку капки безалкохолен тонер и промешајте. Ова не го правите со подлогата на база на масло. Маскарата има најкраток рок на траење. Ако не сакате вашата маскара да се потроши пред рокот на траење, немојте да ја мешате горе-долу бидејќи така само придонесувате побрзо да се исуши. Таа е еден од оние производи во вашата козметичка торба на која треба да обрнете посебно внимание со оглед на тоа што е легло за бактерии. Што подолго ја користите дотраената маскара, ризикувате да добиете инфекција на очите, а доколку забележите промена на мирисот и во текстурата, време е да се ослободите од неа. Извор:Шпиц
|




















Мејкап-производите како и сите други имаат свој рок на траење и постојат шанси онаа сенка која ентузијастички сте ја купиле пред неколку години да и поминал рокот.