Најнови вести
Продолжение на 21-та седница на Советот
Баукот Биро Веритас конечно разрешен
Исчезнуваат лебедите од Охридското езеро
Едукативна програма за развивање на способностите на децата
Ќе се рушат градбите кои се опасни за околината
Запознавање на патот од домот до училиштето - проект на СВР Охрид
Забрана за капење на домашните миленици на охридските плажи
Ревија филмски хитови пред охридската публика
Слушајте во: 10:00, 11:55, 14:30 и 16:30 ч.
Берза
| Плетеното е во мода |
| Понеделник, 08 Февруари 2010 11:35 |
Во ова време од годината не можете да се замислите без топла плетена облека. Оваа сезона се појавија различни модели во широка палета на бои, доминираат ретро, класични и нови асиметрични кроеви. Модниот диктат налага во една варијанта да комбинирате повеќе волнени парчиња на себе.Освен класичните и кратките џемпери, апсолутен хит се и долгите модели со копчиња и широк ремен околу половината. Се комбинираат со сите стилови, се носат со панталони во сите должини, но и преку здолништа и фустани. Модерни се плетените фустани, а најмногу тие со рамен крој со висок струк, сечени под градите, како и моделите со деколте кои ги истакнуваат облините и сексапилот. На модната сцена во оваа сезона се и плетените пелерини. Дизајнирани во ретро-комбинација и модерни кроеви изгледаат поубаво од кога било. Тенки и дебели ролки со огромна јака се совршена комбинација со тесни здолништа, панталони и хеланки. Вашата омилена комбинација можете да ја дополните со плетен елек, а ако сакате да го истакнете, одберете модел во бела или некоја силна боја. |




















Во ова време од годината не можете да се замислите без топла плетена облека. Оваа сезона се појавија различни модели во широка палета на бои, доминираат ретро, класични и нови асиметрични кроеви. Модниот диктат налага во една варијанта да комбинирате повеќе волнени парчиња на себе.