Најнови вести
Продолжение на 21-та седница на Советот
Баукот Биро Веритас конечно разрешен
Исчезнуваат лебедите од Охридското езеро
Едукативна програма за развивање на способностите на децата
Ќе се рушат градбите кои се опасни за околината
Запознавање на патот од домот до училиштето - проект на СВР Охрид
Забрана за капење на домашните миленици на охридските плажи
Ревија филмски хитови пред охридската публика
Слушајте во: 10:00, 11:55, 14:30 и 16:30 ч.
Берза
| Танцот вистински спорт за жените |
| Сабота, 06 Февруари 2010 13:54 |
Сигурно досега сте налетале на информација дека некои пациенти се лекувале со помош на музика. Покрај тоа што лекува, музиката ќе ви помогне да ја намалите тежината и да оформите тело какво што секоја девојка посакува. Секој има свој омилен тип на музика, но за танцувањето потребни ви се оние тонови кои секогаш знаат да допрат до вас и кои ве тераат да држите ритам со стапалото. Тие се проверен рецепт дека навистина ќе се внесете во танцувањето. Танцувањето е добар вид вежбање, бидејќи додека вашиот мозок се фокусира на музиката и на текстот, го игнорира чукањето на срцето и заморот, па така имате сила и енергија. Да напоменеме дека со танцувањето се губат и голем број калории. Некои од предностите на танцувањето се тоа што ќе дојдете во контакт со различни музички стилови, почнувајќи од рок, па се до латино танци. Различните стилови значат и различни мускули кои се користат при танцувањето, што значи дека сите мускули ќе бидат активирани во процесот. Танцувањето е забавно и се заборава дека всушност тоа го правите поради линијата. Часовите по танц ќе ви овозможат да запознаете нови луѓе, а можеби ќе се роди и нова љубов. За оваа физичка активност не ви се потребни многу пари, се што ви треба е добра музика и нормално вашата упорност и желба. Не мора да трошите пари за приватни часови, можете да вежбате и дома и секако во диско. Танцот е можеби најдобриот начин за постигнување вистинска женска линија. Телото ќе добие на грациозност, а вие ќе се движите како газела. Со танцување ќе се ослободите од сета негативна енергија, а ќе ги зајакнете мускулите и срцето. Девојките што практикуваат танц, најчесто велат дека е подобар и од фитнес, бидејќи е позабавен. Времето лета, а вие немате чувство дека сте сториле нешто посебно. За резултати е потребно време, но затоа на сите мускули се гледаат ефектите. Танцот е одличен за градење на тонусот на мускулите, за подобрување на кондицијата, а најмногу се препорачува за грбот. Повеќе нема да бидете згрбавени, туку ќе научите како правилно да се движите и да седите. Момци, иако танцувањето најмногу е својствено за жените, истите ефекти се постигнуваат и кај вас. Нема ништо срамно во танцувањето, тоа нема да ја намали вашата мажественост, напротив ќе добиете на квалитет кога ќе сакате да освоите некоја девојка. Затоа, најдете си партнерка, за вас е полесно, има поголем избор и нападнете ги подиумите. |




















Сигурно досега сте налетале на информација дека некои пациенти се лекувале со помош на музика. Покрај тоа што лекува, музиката ќе ви помогне да ја намалите тежината и да оформите тело какво што секоја девојка посакува. Секој има свој омилен тип на музика, но за танцувањето потребни ви се оние тонови кои секогаш знаат да допрат до вас и кои ве тераат да држите ритам со стапалото. Тие се проверен рецепт дека навистина ќе се внесете во танцувањето.