Најнови вести
Продолжение на 21-та седница на Советот
Баукот Биро Веритас конечно разрешен
Исчезнуваат лебедите од Охридското езеро
Едукативна програма за развивање на способностите на децата
Ќе се рушат градбите кои се опасни за околината
Запознавање на патот од домот до училиштето - проект на СВР Охрид
Забрана за капење на домашните миленици на охридските плажи
Ревија филмски хитови пред охридската публика
Слушајте во: 10:00, 11:55, 14:30 и 16:30 ч.
Берза
| За седум години ги посетил сите земји во светот |
| Сабота, 06 Февруари 2010 13:46 |
Бизнисменот Каши Самадар од Индија постигна необичен рекорд посетувајќи ги сите 218 земји во светот, 194 независни и суверени држави - членки и признати во ОН, за шест години, девет месеци и седум дена.Каши Самадар (55) своето долго патување го почнал во Холандија, а го завршил во последната држава што прогласи независност, Косово. Патувањето го чинело речиси 390.000 евра и понекогаш се изложувал во опасни ситуации, загрозувајќи го дури и сопствениот живот. - Тргнав од Амстердам, а завршив во Косово. За време на долгата авантура животот многу често ми беше во опасност, пред се', во земјите со војна како што се Авганистан, Сомалија и Суринам - изјавил Самадар. Во Кабул и' избегал на смртта, бидејќи во хотелот каде што бил сместен експлодирала бомба непосредно по неговото заминување, доживеал глад и многу други опасни и помалку опасни ситуации. Самадар од повеќегодишното патување се вратил со голем број фотографии, кои планира да ги објави во монографија како сведоштво за својот единствен подвиг. |




















Бизнисменот Каши Самадар од Индија постигна необичен рекорд посетувајќи ги сите 218 земји во светот, 194 независни и суверени држави - членки и признати во ОН, за шест години, девет месеци и седум дена.