maxi-d---logo
radiofb
73°
23°
°F | °C
komentari
ohridgovbaner
vegera-logo
erazmobanert
logo_agros1
maemi
zitoleb
faci_slucuvanja
proakva
letra
donbaner
banerkomunalec
pandonos-logo
megastarfb
komercialnabaner
vispoj_m
Каков појадок,таков карактер
Среда, 24 Февруари 2010 12:00
meso16Според основоположникот на хранологијата Џулиет Богосјан, начинот на кој јадеме може да ги открие нашите карактерни особини. Значи, не е важно само тоа што го јадеме, туку и начинот на кој ја јадеме нашата омилена храна.

Каде е основата на ваквите тврдења? Според госпоѓа Богосјан, нашите навики за јадење се едни од најинстинктивните особини кои ги поседуваме и според тоа не сме во сотојба да го фалсификуваме начинот на кој ја консумираме храната. Во даден момент можеме да го прикриеме начинот на јадење, но на долг рок сепак ќе го покажеме своето право јас.

Според оваа теорија, постојат неколку основни видови на карактери во зависност од начинот на кој го консумираме појадокот.

Пребирливи
Ако припаѓате на овој тип, тоа значи дека сте упорни, самоуверени и неконформисти. Сѐ што правите, го правите со достоинство и сакате сѐ да направите како што треба. Но, тоа крие друг проблем – со тек на време може да станете роб на своите навики.

Секогаш истиот оброк
Ако подолго време јадете исти работи за појадок, значи дека играте на сигурно. Методични сте и систематични, едноставно сакате секоја постапка да е поврзана со определена причина и последица. Вие сте приземни и рационални. Вреден работник кој секогаш ја завршува работата која му е доделена.

Забрането мешање на храната
Ги одвојувате различните видови на храна и не сакате воопшто да ги мешате. Од една страна сте методични, но од друга страна тоа значи и дека сте помалку флексибилни во ситуации на кои не сте навикнати.

Комбинации, комбинации...
Мешате најразлични вкусови и уживате во тоа. Според Богосјан, вие знаете да се носите со предизвиците во животот. Добро поднесувате ситуации кога имате многу задачи. Но, тешко ви е да ги утврдите приоритети.

Можеби на некои од работодавачите ќе им помогнеме при изборот на кандидатите за работни места. Но, во случајов, ќе мораат интервјуата да ги организираат во ресторан или во интерната кујна на претпријатието.
meso16
 

Од нашите партнери

BBCMacedonian.com

Забава

Игри

Ѕид од блокови 2

article thumbnail

Втор дел од популарната физички базирана игра во која целта е да ги турнете зелените блокови. Одберете голем [ ... ]


Ловење патки

article thumbnail

Римејк на легендарната нинтендо игра.