Најнови вести
Ќе се одржи јубилејниот Атлетски маратон
Запленети 8 кг марихуана во Охрид
Македонија и Европа се соочуваат со енергетска зависност
Подигнување на старосната граница за курсеви за подофицери
Достојно одбележана годишнината од бродската несреќа
Продолжение на 21-та седница на Советот
Баукот Биро Веритас конечно разрешен
Исчезнуваат лебедите од Охридското езеро
Берза
| Јаболков оцет при нерасположенија за време на бременоста |
| Понеделник, 22 Февруари 2010 11:32 |
Тешкотиите кај бременоста најчесто се јавуваат во првата и последната третина од овој период. Во првото тримесечје започнува гадење, повраќање и главоболка, која што се должи на хормонална промена. Тоа својство е нормално, но на 50 до 70% од бремените жени тоа им причинува доста голем дискомфорт. Од таа причина и впрочем се јавуваат воспаленија на непцата. Промената содржина на плунката може да доведе и до "кариес за време на бременоста". Својствено е и едно општо опуштање на крвните садови за време на бременоста, така да може да се образат проширени вени и хемороиди. Во последните тримсечја најчестите проблеми се должат на силно зголемената матка. Тоа се сведува на расегнување на кожата на стомакот при што се образуваат т.н. "стрии" (сивкасти рабови во долната страна на стомакот). Поради зголемувањето матката започнува да го притиска стомакот, белите дробови, срцето и мочниот меур и ректумот, кое многу бремени жени можа да предизвика нарушување-срцеви и дишни пореметувања, постојана потреба за уринирање, како и проблеми со варењето на храната. Совет: За време на бременоста често се јавува желба "по барање на организмот" да се земаат определени производи "од кои тој има силна потреба". Кај бремените жени им се јавува апетит за киселост, кисели краставички или салата од харинга, а сето тоа може да се задоволи со пиење на јаболков оцет. Биохемичарите востановиле зошто јаболковиот оцет (како и другите оцети) содржат пиролхинолинхинон. Се смета дека таа материја е од огромно значење за здрав развиток на ембрионот. Можеби и токму тоа затоа бремените жени пројавуваат афинитет кон киселите храни. ![]()
|




















Тешкотиите кај бременоста најчесто се јавуваат во првата и последната третина од овој период. 