|
Витамините-активатори на метаболизмот |
|
Понеделник, 22 Февруари 2010 11:25 |
|
На вам е да одлучите, дали вашите телесни ќелии и натаму ќе ги снабудавте со слабо хранливата брза храна, или ќе им обезбедете намирници кои имаат биолошко многу активен суровински состав. Вие одлучувате во тоа дали вашиот имунолошки систем ќе биде силен и отпорен, или ќе капитулира пред секоја мала инфекција. Исто така, вие одлучувате дали ќе изградите супер брз нервен систем или кај вас ќе преовладува психичка тромавост.
Предуслов за нашето здравје, менталната и физичката способност е во правилната исхрана и оптималното внесување на микро хранливите материи, витамини, минерали, олигоелементи и големиот број на билните супстанци, затоа што на овие материи кои ги убрзуваат биолошките процеси се гради човековиот метаболизам.
Десет проценти помалку витамини во крвта, за нас може ќе звучи неважно, но, затоа што секој витамин е активен во милион метаболистички процеси, заради тој мал недостатог од витамини доаѓа до успорување на целокупниот метаболистички процес и до слабеење на нашиот имунолошки систем. Многу луѓе сметаат дека понекогаш таквиот успорен метаболизам е нормален. Денес скоро никој не внесува доволна количина хранливи микроорганизми.

|