Најнови вести
Судот прифати нови сведоци за убиството на Новаковиќ
Зголемен интересот за огревно дрво во Охрид
Андон Дуков, Градиште и Љубаништа заработија пријави
Ќе се одржи јубилејниот Атлетски маратон
Запленети 8 кг марихуана во Охрид
Македонија и Европа се соочуваат со енергетска зависност
Подигнување на старосната граница за курсеви за подофицери
Берза
| Билка која проезведува инсулин |
| Сабота, 20 Февруари 2010 11:38 |
|
Канадските научници генетски модифицирале билка - шафраника (Carthamus tinctorius), сама да произведува инсулин. Во 1992 година канадските научници за прв пат го изолирале инсулинот. Сега повторно им помагаат на дијабетичарите со поевтин начин на произведување на инсулин. Овој напредок би можел значително да ги намали трошковите на лекувањето, кои годишно чинат до 132 милијарди долари. За создавање на евтин инсулин, научниците од универзитетот во Калгари генетски модифицирале билка- шафраника, така што додале човечки ген. Откако генот ќе се активира во оваа широко распространета билка, почнува да произведува инсулин многу побрзо од конвеционалните методи каде што се користат свињи, крави, квасец или бактерии. Ова е прва билка што произведува инсулин и во големи количини. Така наутро земјата може да "порасне" со околу 1 килограм инсулин. Со такви приноси, на површина од околу 65 квадратни километри (околу 6 до 7 илјади хектари) може да се исполни годишната потреба за инсулин за целото население во светот кои имаат дијабетис. Маѓутоа не се сите воодушевени од ова достигување. Некои организации за заштита на околината веруваат дека генетски модифицираната шафраника и попречува на обичната шафраника. Кога би се случило такво нешто, тогаш и обичната би почнала да произведува инсулин, па тој би влегол во човечката исхрана и би можел да предизвика проблеми за оние кои боледуваат од дијабетис.
|




















