|
За или против зелениот чај |
|
Вторник, 02 Февруари 2010 10:27 |
|
Анализите од направените 51 поранешно истражување, во кои учествувале 1,6 милиони испитаници, покажале „ограничени” докази за превентивното дејство на зелениот чај кај некои видови заболувања од рак. Германските научници додаваат дека резултатите често пати биле контрадикторни, особено при проучувањето на дејството на зелениот чај врз развојот на ракот на системот за варење. Истражувачите препорачуваат дневното количество зелен чај да изнесува околу 1.200 мл, односно од пет до шест филџани. Овој пијалак најсилно заштитно влијание има кај заболувањето од рак на простата, истакнуваат истражувачите. Во Азија каде што најмногу се консумира зелениот чај, се направени 47 истражувања за неговото превентивно дејство, но добиените резултати не можат да се применат глобално.

|